Бања Лука
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бања Лука (босански, српски, хрватски: Banja Luka) е најголем град во Република Српска и втор најголем град во Босна и Херцеговина и претставува административен, културен и економски центар на Република Српска. Традиционално, Бања Лука била центар на регионот Босанска краина.[1]
Бања Лука Banja Luka | ||
---|---|---|
град | ||
Местоположба на Бања Лука. | ||
Координати: 44°46′N 17°11′E | ||
Држава | Босна и Херцеговина | |
Ентитет | Република Српска | |
Управа | ||
• Грдаоначалник | Драшко Станивуковиќ | |
Површина | ||
• град | 1.232 км2 (476 ми2) | |
Население | ||
• град | 350,000 | |
• Густина | 178,6/км2 (4,630/ми2) | |
• Градскo | 370,000 | |
• Метро | 400,000 (приб.) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Повик. бр. | +387 51 | |
Мреж. место | www.banjaluka.rs.ba |
Бања Лука зазема површина од околу 96.2 километри квадратни и се наоѓа на реката Врбас, на надморска висина од 164 метри во областа која се наоѓа меѓу Динаридите на југ и Панонската област на север. Градот има умерено континетална клима, со големи влијанија од Панонската низина. Годишната просечна температура изнесува 10,7 степени, просечната јануарска температура е 0,8 степени, а просечната јулска температура е 21,3 степени. Бања Лука се наоѓа на сеизмичко подрачје и во 1969 година била погодена од силен земјотрес.[1]
За првпат, Бања Лука се споменува во 1494 година во повелбата на унгарскиот крал Владислав II Јагелович, издадена во Будим на латински јазик. Сепак, археолошките истражувања покажуваат дека во оваа област имало човечки населби во периодот од 5.000 до 3.5000 години п.н.е. Во предантичкиот период, Бања Лука и околината биле населени со племињата Мезеи и Осеријати, кои зад себе оставиле бројни населби. Откако ги поразиле Илирите, Римјаните ја освоиле оваа област, која била дел од провинцијата Илирик. Од тој период се пронајдени остатоци од патишта, воени логори (Castra) и цивилни населби (Municipium). По пропаста на Римското Царство, областа била населена од Словените. Средновековниот живот во Бања Лука и околината бил многу развиен за што сведочат остатоците од утврдените градови од 12 до 15 век. По пропаѓањето на средновековната босанска држава и по доаѓањето на Османлиите во 1528 година, Бања Лука добила посебно значење за време на Ферхад-паша Соколовиќ (1574-1588), кога била административен центар на Босанскиот пашалак. Во 1878 година градот бил окупиран од Австроунгарија, а по Првата светска војна станал дел од Кралството СХС. Во 1929 година, Бања Лука станала центар на Врбаската бановина во рамките на Кралството Југославија. Прв бан бил Светислав Тиса Милосављевиќ кој изградил многу важни објекти, како: Банската управа, Банскиот двор, Народниот театар, хотелот „Палас“, Соколскиот дом, градскиот парк, етнографскиот музеј итн. Исто така, банот ја осветил и црквата Исус Спасител, која била уништена за време на бомбардирањето во 1941 година.[1]
Општината Бања Лука има население од 250.000 жители,[2] од кои најмногу се Србите.[3] Голем број од Бошњаците и Хрватите го напуштиле градот за време на војната во Босна и Херцеговина во 1992-1995.[4] Според пописот од 1991 година, Бања Лука имала население од 195.692 жители:
Општина Бања Лука | ||||||
година | 1991 | 1981 | 1971 | |||
Срби | 106.826 (54,61%) | 93.389 (50,86%) | 92.465 (58,25%) | |||
Хрвати | 29.026 (14,83%) | 30.442 (16,57%) | 33.371 (21,02%) | |||
Бошњаци | 28.558 (14,59%) | 21.726 (11,83%) | 24.268 (15,28%) | |||
Југословени | 23.656 (12,08%) | 31.347 (17,07%) | 4.684 (2,95%) | |||
други | 7.626 (3,89%) | 6.714 (3,65%) | 3.948 (2,48%) | |||
вкупно | 195.692 | 183.618 | 158.736 |
Само градот Бања Лука:
Banja Luka | ||||||
година | 1991 | 1981 | 1971 | |||
Срби | 70.155 (49,03%) | 51.839 (41,82%) | 41.297 (45,46%) | |||
Бошњаци | 27.689 (19,35%) | 20.916 (16,87%) | 23.411 (25,77%) | |||
Хрвати | 15.700 (10,97%) | 16.314 (13,16%) | 17.897 (19,70%) | |||
Југословени | 22.645 (15,82%) | 30.318 (24,46%) | 4.606 (5,07%) | |||
други | 6.890 (4,81%) | 4.550 (3,67%) | 3.620 (3,98%) | |||
вкупно | 143.079 | 123.937 | 90.831 |
Благодарение на својата долга и вредна историја, градот Бања Лука има големо богато културно наследство. Во градот се наоѓаат неколку музеи, од кои треба да се издвојат Етнографскиот музеј (основан 1930 година) и музејот Босанска краина. Културната понуда во градот ја сочинуваат и две театарски куќи со вредна традиција: Народниот театар и театарот за деца, како и неколку културно-уметнички друштва. Најистакнатиот фолклорен ансамбл е ЦКУДМ „Веселин Маслеша“, РКУД „Пелагич“ и КУД „Чајевец“. Во строгиот центар на градот се наоѓа и тврдината Кастел, добро сочувана римска воена тврдина, каде што се одржува и еден од најголемите музички фестивали на теријаторијата на Босна и Херцеговина - „Јелен Демофест“ на кој имаат настапувано музички имиња, како што се: Guano Apes, Макс Ромео, Eyesburn, „Суперхикс“, Визија, „Хладно Пиво“ и многу други.
Едно од значајните културни места во градот е Банскиот двор, кој денес делува како културен центар. Граден е во периодот меѓу 1929 и 1932 година. Во 1955 година оваа градба прераснала во Дом на култура, со претставителна концертна сала, галерија и ресторан.
Останати поважни културно-историски места во градот и во околината се: Улицата Господска, споменикот на писателот Петар Кочиќ, споменикот на Бањ Брдо, Соколската куќа, Хипотекарната банка, хотелот „Палас“, старото Српско основно училиште, Царски друм, манастирот Траписти, старата железничка станица, гробот на Сафикада, манастирот Гомионица, средновековниот град Звечај, Музејот на современата уметност на Република Српска итн.[1]
Во 1885 година, во Бања Лука бил изграден хотелот „Босна“, како едне од првите хотели во Босна и Херцеговина. Денес, градот располага со повеќе хотели и со бројни ресторани, а локален специјалитет претставува бањалучкиот кебаб. Во Бања Лука се одржуваат неколку културно-забавни манифестации, како: „Лето на Врбас“, „Враќање в село“, „Кочиќев збор“, „Бањалучки летни игри“ итн.[1]
Во околината на Бања Лука се наоѓаат неколку туристички атракции:[1]
Отсекогаш, Бања Лука била важна сообраќајна раскрсница во овој регион. Во Римското Царство низ градот поминувал патот Servetium - Salona што ги поврзувал римските провинции Далмација и Панонија. Во 1873 година била пуштена во употреба железничката линија Бања Лука - Добрљин, како прва железничка пруга во Босна и Херцеговина. На оддалеченост од 25 километри од градот се наоѓа меѓународен аеродром.[1]
„Бања Лука“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.