Горноџумајско востание
From Wikipedia, the free encyclopedia
Горноџумајското востание започнало во септември 1902 година и ги зафатило териториите од левата и десната страна на реката Струма.[1] Организатор на востанието бил Врховниот македонски комитет на чело со Стојан Михајловски и Иван Цончев, кои дејствувале со согласност на бугарската влада и кнезот Фердинанд I. Бидејќи населението во Македонија не востанало, Горноџумајското востание не претставува востание во вистинска смисла на зборот. Оваа раздвижување во Македонија придонело да дојде до една реформска иницијатива која е позната како Февруарски или Падарски реформи. Најголемата последица од врховистичкото движење е што тоа во голема мера влијаело да дојде до предвремено кревање на Илинденското востание.
Кратки факти Горноџумајско востание, Датум ...
Горноџумајско востание |
|||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Знаме на неколку чети. Најпрво било користено од четата на Петар Начев и Никола Мутафов во Мелничкото востание, а подоцна го користела четата на Иван Цончев. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Сила | |||||||
2850 четници | 13 960 души аскер |
Затвори