Струмичкиот револуционерен округ бил создаден со Општиот план за Илинденското востание, а во него влегле: Струмичко, Петричко, Радовишко, Малешевско, Пијанечко и делот од Џумајско од десната страна на Струма, а негов центар бил Готен.
До другарите Георги В'ндев и Никола Василев во Македонија.
Согласно член 55 и 69 од Правилникот на В.М.Р.О, за нелегални членови во Струмичкото окружно управно тело, Централниот Комитет ги назначува струмичкиот околиски војвода Георги В'ндев и радовишкиот околиски војвода Никола Василев. Предвид на тоа што не може да се исполнат членовите 47 и 48 од Правилникот за избирање на окружно управно тело, врз основа на чл. 9 од правилникот, Централниот Комитет ги назначува, до свикувањето на окружен конгрес, за привремено Струмичко окружно управно тело посочените погоре нелегални членови на истото, а имено: За претседател Георги В'ндев и за член-секретар Никола Василев.
Должностите, правата и одговорностите на окружното управно тело се посочени подетално во Правилникот на В.М.Р.О. Центр. Комитет потсетува да се имаат предвид членовите 31, 41 и (2).
Нелегалните членови на Окр. Упр. Тело се должни да применуваат најголеми напори за организирањето на округот и за да може да се свика окружен конгрес кој ќе избере редовно Окр. Упр. Тело согласно чл. 47 од правилникот.
Сегашното ќе послужи за полномошно.