Горгија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Горгија (483-375 година п.н.е.)[1] од Леонтин, Сицилија — старогрчки софист, пред-сократски филозоф и реторичар. Заедно со Протагора, тој ја формира првата генерација софисти. Неколку доксографи велат дека бил ученик на Емпедокле, иако тој бил неколку години помлад. Како и другите софисти, тој бил патник во разни градови и настапувал јавно во големите хеленски центри на Олимпија и Делфи и наплаќал надоместоци за тоа. Посебна одлика на неговите прикажувања било да поставува разни прашања на публиката и да дава импровизирани одговори.[2] Тој бил наречен „Горгија Нихилистот“ иако контроверзен е степенот до кој овој епитет соодветно ја опишува неговата филозофија.[3][4][5][6]
Горгија | |
---|---|
Роден(а) | околу 483 п.н.е Леонтин, Сицилија (денешен Лентини, Италија) |
Починал(а) | околу 375 п.н.е |
Период | Претсократовци |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Софизам |
Претежна дејност | Онтологија, Епистемологија, Реторика, Морален релативизам |
Значајни идеи | Парадоксологија |
Неговото главно признание е дека ја пренесол реторика од родната Сицилија во Атика и придонел за ширењето на атичкиот дијалект како јазик на книжевната проза.