From Wikipedia, the free encyclopedia
Галактички координатен систем — небесен координатен систем во сферни координати со Сонцето како негово средиште, главната насока порамнета со приближното средиште на Млечниот Пат, а основната рамнина напоредна на галактичката рамнина но со отстапување на север. Се служи со десноракото праволо, што значи дека координатите се позитивни на север и на исток на фундаменталната рамнина.[1]
Должината (l) го претставува аголното растојание на едно тело иточно долж галактичкиот екватор од Галактичкото Средиште. Се изразува во степени (°) и е аналог на географската должина.
Ширината (b) го претставува аголот на едно теле северно од галактичкиот екватор гледајќи од Земјата. Се изразува во степени (°) и е аналог на географската ширина.
Првиот галактички координатен систем го осмислил Вилијам Хершел во 1785 г. Низ времето се користеле различни координатни системи, секој со неколку степени разлика. Во 1932 г. Лундската опсерваторија изработила таблици за претворање на координатите со кои го определуваат стандардниот галактички координатен систем според галактичкиот северен пол на рек. 12ч 40м, дек. +28° (епоха B1900.0) и 0° должина во точката кајшто се сечат галактичката и екваторската рамнина.[1]
Во 1958 г. Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) го дефинирал галактичкиот координатен систем според радионабљудувањата на неутрален галактички водород преку вородорната линија, менувајќи ја дефиницијата за галактичка должина за 32° и ширината за 1,5°.[1] Во екваторскиот координатен систем, за рамноденица и екватор 1950.0, северниот галактички пол се дефинира на ректасцензија 12ч 49м, деклинација +27,4° во соѕвездието Береникина Коса, со веројатна грешка од ±0,1°.[2] Должината 0° е големата полукружница која почнува од оваа точка долж правата на положбениот агол 123° во однос на екваторскиот пол. Галактичката должина се зголемува во иста насока како ректасцензијата. Галактичката ширина е позитивна кон северниот галактички пол, со тоа шо рамнина која минува низ Сонцето и напоредно на галактичкиот екватор е 0°, а половите се ±90°.[3] Според оваа дефиниција, галактичките полови и екваторот можат да се добијат со сферна тригонометрија и да се прецесираат во други епохи (во табелата).
Рек. | Дек. | Соѕвездие | |
северен пол +90° должина |
12ч 51.4м | +27.13° | Береникина Коса (близу 31 Com) |
јужен пол −90° должина |
0ч 51.4м | −27.13° | Вајар (близу NGC 288) |
Средиште 0° должина |
17ч 45.6м | −28.94° | Стрелец (во Стрелец A) |
Противсредиште 180° должина |
5ч 45.6м | +28.94° | Кочијаш (близу HIP 27180) |
Радиоизворот Стрелец A*, кој е најдобриот физички показател за вистинското Галактичко Средиште, се наоѓа на 17ч 45м 40,0409с, −29° 00′ 28,118″ (J2000).[2] Заокружен на истите децимали како во табелата, 17ч 45,7м, −29,01° (J2000), има отстапување од 0,07° од определениот координатен центар, во рамките на проценетата грешка од ±0,1°. Поради положбата н Сонцето, која тековно е 56,75 ± 6,20 северно од средната рамнина, и хелиоцентричната дефиниција донесена од IAU, галактичките координати на Sgr A* се +0° 07′ 12″ јужна ширина и0° 04′ 06″ должина. Бидејќи галактичкиот координатен систем според дефиницијата не се врти со време, Sgr A* впрочем се намалува во должина со стапка на галактичкото вртење кај Сонцето Ω, приближно 5,7 лачна милисекунди годишно.
Местоположбата на едно тело изразена во екваторскиот координатен систем може да се претвори во галактичкиот. Во овие ревенки α е ректасцензија, а δ е деклинација. NGP се однесува на координатните вредности на северниот галактички пол, а NCP се оние на северниот небесен пол.[4]
Обратното претворање (од галактички во екваторски) може да се изведе со следниве формули.
Во некои ситуации се користат правоаголни координати според галактичката должина, галактичката ширина и растојанието. Понекогаш, кога се работи со далечното минато или иднина, галактичкит координатен систем се зема како вртежен така што x-оската секогаш секогаш оди во средиштето на галаксијата.[5]
Постојат две главни правоаголни варијанти на галактичките координати со кои се пресметуваат вселенските брзини на галактички тела. Со овие системи, оските xyz се означуваат со UVW, но дефинициите зависат од авторот. Во еден систем, оската U е насочена кон Галактичкото Средиште (l = 0°) и ова е деснорак систем (позитивен кон исток и кон северниот галактички пол); во друг систем, оската U е насочена кон галактичкото противсредиште (l = 180°) и е леворак систем (позитивен кон исток и кон северниот галактички пол).[6]
Галактичкиот екватор минува низ следниве соѕвездија:[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.