From Wikipedia, the free encyclopedia
Доколку го најдеме на небото соѕвездието Голема Мечка, а потоа и познатата ѕвезда Северница и ако погледот продолжи да се движи во истата насока, лесно може да се забележи една група на ѕвезди, кои како на небото да градат развлечена (раширена) форма на латинската буква W. Поширокиот дел на оваа буква како да покажува на која страна се наоѓа север. Тоа се петте најсјајни ѕвезди од соѕвездието Касиопеја (Cassiopeia и кратенката Cas). Според старогрчката митологија Касиопеја била жена на Кефеј и мајка на Андромеда. Се зборува дека наоколу премногу се фалела оти таа и Андромеда се многу убави. Поради таа своја ароганција и преголемо фалење, врзана е за својот стол и осудена да кружи околу Северниот Пол со главата надолу, како поука за другите дека треба да се почитува скромноста. Со голо око, во ова соѕвездие можат да се видат 90 ѕвезди. Бидејќи ова соѕвездие се наоѓа во делот од небото, каде проаѓа Млечниот Пат, соѕвездието изобилува со мноштво интересни небесни објекти.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
лат. Cassiopeia | |
Кратенка | Cas |
---|---|
Генитивно | Cassiopeiae |
Ректасцензија | 1 ч. |
Деклинација | +60° |
Површина | 598 (°)² (25th) |
Главни ѕвезди | 5 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 53 |
Ѕвезди со планети | 1 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 5 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
Најсјајна ѕвезда | α Cas (Schedar) (2.23m) |
Најблиска ѕвезда | η Cas (Achird) ( сг, пс) |
Месјеови објекти | 2 |
Метеорски дождови | персеиди |
Соседни соѕвездија | Жирафа Кефеј Гуштер Андромеда Персеј |
Видливо на ширина од +90° до −20°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември. |
Најсјајна ѕвезда од ова соѕвездие е алфа Касиопеја (Шедар). Таа е оддалечена од нас 200 светлосни години. Оваа ѕвезда има привиден сјај од 2,23 величина и спектар K. Тоа значи дека е ѕвезда со портокалов сјај и температура на површината од 4000 степени. Инаку нејзиниот сјај е околу 230 пати поголем од Сончевиот.
Втората ѕвезда по сјајност е бета Касиопеја или Каф. Таа има привиден сјај со величина од 2,25 и припаѓа на спектралната класа Ф. Тоа значи дека има белузлавожолта боја и површинска температура од околу 700 степени. Сјајот на оваа ѕвезда е околу 19 пати поголема од Сончевиот, а од нас е оддалечена околу 45 светлосни години. Оваа ѕвезда припаѓа на групата ѕвезди кои имаат променлив сјај.
Гама Касиопеја или Цих има спектар БО. Тоа значи дека оваа ѕвезда е белузлаво-сина и дека има површинска температура од околу 20.000 степени, но сочести промени. Нејзиниот привиден сјај најчесто има величина од околу 2,4. Оваа ѕвезда има чести промени. Во текот на своите непредвидливи промени, таа го менува својот сјај, спектар, боја, температура и пречник. Оваа ѕвезда од нас е оддалечена околу 100 светлосни години и од Сонцето е посјајна околу 100 пати.
Во 1572 година во ова соѕвездие се појавила супернова ѕвезда, денес позната како Тихо Брахеова ѕвезда, во чест на познатиот астроном Тихо де Брахе. Во тоа време, новопојавената ѕвезда на небото со својот сјај ги надминала сите ѕвезди, па дури можела да се набљудува и при полна дневна светлина.
Во близина на променливата ѕвезда АР Касиопеја се наоѓа еден од најсјајните радиоизвори на небото, познат како Касиопеја А. Снимањето на ова место, со големите телескопи, покажа дека на местото на радиоизворот оптички се гледаат низа слаби маглини, за кои се претпоставува дека се остаток уште од една експлозија на супернова. Историчарите предвидуваат дека таа се случила во 1680 година.
Во соѕвездието Касиопеја постојат и маглини, т.е. ѕвездени јата. Некои од попознатите се маглините: М52, М103, 457 (NGC457) и други.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.