Вртимушка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вртимушка[1][2] — конусен, топчест или овален предмет со зашилен врв (клин) чија цел е да се врти што подолго. Најчесто се користи како играчка. Ако се заврти, вртимушката ќе продолжи да се врти околу една оска на ротација. Нејзините физички својства се слични на оние на жироскопот.
Во природата, вртимушката може да се најде во многу облици - желад, семе од јавор со „пеперутки“, школка со зашилен врв. Најстарата пронајдена вртимушка е од пред околу три и пол илјади години пред нашата ера.
Постојат различни видови вртимушки: обични вртимушки кои се наоѓаат кај нас, вртимушки што се вртат со конец или камшик, кинески вртимушки што се извртуваат кога се вртат, јапонски вртимушки со дупки што произведуваат брмчење или татнеж кога се вртат. Тие се направени од различни материјали, од дрво, преку глина и керамика, за да во последно време се прават од пластика. Телото на сите вртимушки обично е шупливо.