Власи
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Власи (Ароманци, Цинцари и Куцовласи) — народ од романската група, населен ширум Балканскиот Полуостров. За нивното потекло има повеќе тези. Некои проучувачи тврдат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други пак сметаат дека Власите се потомци на Трако-Илирите, Епирците или Тесалијците, но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот Полуостров. За Власите се смета дека се потомци на Ромеите и дека се населени во времето на доаѓањето на Римјаните на Балканскиот Полуостров во I век п.н.е.
Вкупен број | |
---|---|
100.000[1] - 510.000 | |
Подрачја со значајно население | |
Грција | 39.855 (1951 попис) [2] |
Албанија | 8.266 (2011 попис) [3][4] |
Романија | 26.500 (2006 про.) [5] |
Србија | 15.000 (про.)[6] |
Бугарија | 1.000 (2001)[7] |
Македонија | 9.695 (2001) |
Јазици | |
влашки и останати јазици | |
Вероисповед | |
† православие |
Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.
Во почетокот на XIV век Власите како еден од најбогатите балкански народи го формирале градот Москополе во кој постоела „Нова Академија“, првата академија на Балканот, повеќе од 70 цркви и училишта како и печатница. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран на Власи здружени со Власите од околината на планината Грамошта се населил во Македонија (Крушево, Осоговски Планини, Овче Поле, Штипско итн).
Познати влашки племиња се: Власи Каракачани (во Македонија, Грција и Бугарија), Краински Власи (во Србија), Истарски Власи (во Хрватска), Мегленски Власи (во Мегленска Котлина во Егејска Македонија - Грција) итн.
Султанот Абдул Хамид II на 23 мај 1905 година потпишал “Ираде“ (Проглас), со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство, можност за избор на свои „муктари“ (градоначалници), можност за настава на влашки јазик во училиштата и богослужба на влашки јазик во црквите. На истиот ден, Везирот Сафет Паша го потпишал и го издал „Коминикето“ со кое на Патријаршијата ѝ се забранува попречување на изведувањето на националните права, правата за јазик и богослужба. Овој ден се одбележува како „Национален ден на Власите“ од формирањето на првите пост-комунистички влашки здруженија од страна на сите Власи на Балканот и пошироко. Со измените во законот за државните празници на Република Македонија, овој ден е прогласен за државен празник на Република Македонија за граѓаните од влашката етничка заедница.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.