Витамините (латински: vita-живот; amin-амин, органско соединение со азот) се комплексни соединенија од различна хемиска природа кои се важни за нормалното биолошко функционирање на многу живи суштества. Поточно, тие во многу мали количини се потребни за растењето, нормалното функционирање на клетките и ткивата и општо, за одржување на здравјето. Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да ги синтетизираат сите потребни витамини, додека животните одредени витамини ги создаваат сами, а други мора да ги внесат преку исхраната. Витамините се делат на витамини растворливи во вода и витамини растворливи во масти.

Thumb
Thumb
Хемиската структура на ретинолот, најчестиот облик на витаминот А кој се внесува преку храната.

Витамините се среќаваат во две основни форми: активна (дејствуваат веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви, како витамините A и D кои се внесуваат во организмот во неактивна форма. Витамините во неактивна форма се означуваат како провитамини. Сите витамини растворливи во вода, освен витаминот C, влегуваат во структурата на одредени ензими како коензими. Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се нарекува хиповитаминоза, додека целосниот недостиг-авитаминоза. Меѓутоа, и преголемата застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба означена како хипервитаминоза. При различните хипо-, а- или хипервитаминози, доаѓа до различни нарушувања на организмот.

Историја

Повеќе информации Година на откривање, Витамин ...
Години на откривање на витамините и нивните извори
Година на
откривање
ВитаминИзвор
1913Витамин A (Ретинол)Масло од црн дроб од бакалар
1910Витамин B1 (Тиамин)Ориз
1920Витамин C (Аскорбинска киселина)Цитрус
1920Витамин D (Калциферол)Масло од црн дроб од бакалар
1920Витамин B2 (Рибофлавин)Месо, јајца
1922Витамин E (Токоферол)Масло од никулецот од житото,
нерафинирани растителни масла
1926Витамин B12 (Кобаламини)Црн дроб, јајца,
животински производи
1929Витамин K1 (Филокинон)Листест зеленчук
Затвори

Вредноста да се јаде посебна храна за да се одржи здравјето била позната уште многу пред витамините да бидат идентификувани. Старите Египќани знаеле дека еден човек хранејќи се со црн дроб може да се излекува од ноќно слепило, болест за која сега се знае е предизвикана од недостиг на витамин А.[1] Развојот на прекуокеанските патувања во текот на ренесансата, резултирал со подолги периоди без пристап на свежо овошје и зеленчук и голем дел од луѓето на бродовите се разболувале поради недостиг на витамини.

Во 1747 година, шкотскиот хирург Џејмс Линд открил дека овошјето од родот Citrus ја спречува појавата на скорбут, особено смртоносна болест, при која не доаѓа до правилно формирње на колаген, предизвикувајќи слабо заздравување на раните, краварење на непцата, тешка болка и смрт.[1]

Во 1912 година полскиот биохемичар Казимир Функ изолирал комплекс на микрохранливи материи и предложил комплексот да биде наречен „витамин“.

Во 1929 година, Фредерик Хопкинс и Кристијан Ајкман биле наградени со Нобелова награда за физиологија или медицина за откривањето на неколку витамини.[2]

Во 1943 година, Едвард Адалберт Дојзи и Хенрик Дан биле наградени со Нобелова награда за физиологија или медицина за нивното откривање на витаминот К и неговата хемиска структура.

Преглед на витамините и нивното дејство

Повеќе информации Витамини, Значење и во што се раствора ...
ВитаминиЗначење и во што се раствораДефицит и авитаминозиХиповитаминозиПриродни извори
B1 (тиамин)
Водорастворлив. Метаболизам на јаглехидратиПарализа и атрофија на мускулитеБери-бери (полинеуритис)Месо, црн дроб, јајца, лушпи од жито, мешунки, орев и др.
B2 (рибофлавин)
Водорастворлив. Коензим FMN (флавин-мононуклеотид), FAD (флавин-аденин-динуклеотид)Воспаление во аглите на устатаДерматитис, снежно слепилоМлеко, јајце, риба, внатрешни органи, спанаќ, грашак и др.
PP (нијацин)
Водорастворлив. Коензим NAD (никотинамид аденин динуклеотид) и NADP (никотинамид аденин динуклеотид фосфат)Застој во растот и во развитокот на ЦНСПелаграМесо, црн дроб, компир, квасец и др.
B6 (пиридоксин)
Водорастворлив. Метаболизам на аминокиселиниРеткоРеткоМешунки, житни и градинарски растенија, јајца, црн дроб, млеко и др.
Пантотенска киселина
Водорастворлив. Коензим А, метаболизам на гликоза и масни киселиниРеткоBurning foot синдромНе се среќава слободна во природата
Фолна киселина
Водорастворлив. Метаболизам на нуклеински и аминокиселиниНедиференцирани (големи) еритроцити, вртоглавица, исцрпеностМегалобластна анемијаВо темно-зелени делови на растенијата, месо, ја синтетизираат микроорганизми
В12 (кобаламин)
Водорастворлив. Создавање и созревање на еритроцити, метаболизам на аминокиселини, синтеза на масти и гликогенВртоглавица, физичка слабост, намалена вредност на хемоглобинПернициозна анемијаМесо, пилешко, риба, жолток од јајце, црн дроб
С (аскорбинска киселина)
Водорастворлив. Структурна улога во коските, забите,формирање на колаген, метаболизам на шеќериКрвавење на непцата, пукање на крвни садови (модринки)СкорбутВо сите свежи овошки, зеленчук, особено во пиперките, шипките, доматите и др.
А (ретинол)
Масторастворлив. Синтеза на родопсин, формирање на коски, заби, епителизацијаВоспалителни процеси на слузокожата и рожницата на окотоКокошкино слепило, ксерофталмијаСе формира од каротинот во темножолтиот и зелен лиснат зеленчук, жолток од јајце, риба, црн дроб
D2, D3 се добиваат со UV зрачење од провитамини
Масторастворливи. Поттикнуваат растење на коските, минерализација и апсорпција на Са++Меки, еластични коски, губење на апетит, застој во растот и развојотРахитисВо црн дроб, морски плодови, риба, жолток од јајце, рибино масло.
К (филохинон)
Масторастворлив. Фактор на коагулацијата, транспорт на електрони при синтеза на АТРСпречува крвавењеХеморагијаНајмногу се создава од бактериите на дебелото црево. Се содржи во карфиол, лиснат зеленчук и др.
Затвори

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.