Микрохранливи материи (микронутриенти) — хранливи материи неопходни за физиолошките функции на клетките и органите кај живите суштества[1][2] во текот на нивниот живот.[3][4][5]
Овие материи, во различни количества во исхраната, вклучуваат витамини и прехранбени минерали.[3][6] Во човечката исхрана дневно се потребни се помалку од 100 милиграми микрохранливи материи, додека макрохранливи материи дневно треба да се внесуваат во грамови.[6] Правот со смеса од (барем) железо, цинк и витамин А е додаден кон Списокот на неопходни лекови според Светската здравствена организација во 2019 г.[7] Недостатоците од микрохранливи материи commonly result in неихсранетост.[3][8]
Недоволно внесување на микрохранливи материи
Недоволното внесување на неопходни хранливи материи ги прави луѓето подложни на разни хронични болести. Покажано е дека некои 50 % од возрасните лица во САД имаат една или повеќе спречлива болест.[3] Во САД храната сиромашна со хранливи материи, а висока енергетска вредност сочинува 27 % од дневниот внос на калории.[3] Лицата што внесувале големи количества шеќер во таа земја примале помалку микрохранливи материи, особено витамините А, Ц, Е и магнезиум.[3]
Јодирање на солта
Јодирањето на солта е крупен зафат во борбата против недостатокот од јод, кој е голем предизвикател на проблеми во душевното здравје. Во 1990 г. помалку од 20 % од домаќинствата во земјите во развој внесувале јодирана сол.[9] Во 1994 г. е отпочнато глобално партнерство за сеопшто јодирање на солта. Кон 2008 г. е проценето дека 72 % од домаќинствата во земјите во развој внесување јодирана сол,[10] а бројот на земји со овој здравсвен проблем се располовил од 110 на 47.[9]
Додавање на витамин А
Недостатокот од витамин А е голем предизвикател на слепило во светот, особено кај децата.[11] Направени се големи светски потфати за добавка на витамин А во исхраната на населението во 103 земји. Во 1999 г. 16 % од децата во овие земји примиле две годишни дози на витамин А. Кон 2007 г. стапката се зголемила на 62 %.[12]
Дополнувањето на основните храни со витамин А има неизвесни предности во намалувањето на ризикот од потклинички недостаток на витаминот А.[13]
Цинк
Збогатувањето на основните прехранбени производи може да го подобрат нивото на цинк во крвниот серум на населението. Непознати се други ефекти како подобрување на општиот недостаток на цинк, детскиот раст, спознанието, работоспособноста на возрасните или крвните показатели.[14] Опирите покажуваат дека нанесувањето на цинково ѓубриво врз почвата и листовите делотворно го намалува соодносот на цинкот со фитатот кај житарките. Луѓето што јадат леб од пченица збогатена со цинк имаат значително зголемен цинк во крвниот серум, што укажува на тоа дека ѓубрењето со цинк има добри изгледи во борбата против недостатокот на цинк кај луѓето.
Растенија
Растенијата не користат витамини, но мораат да внесуваат минерали.[8][15]
За развојот на растенијата неопходни се седум елементи, макар во расеани количества.
- Борот има улога во преносот на јаглехидрати кај растенијата; тој исто така помага во регулирање на метаболизмот. Недостатокот од бор често предизвикува сушење на пупките.
- Хлоридот е неопходен за осмоза и јонска рамнотежс; има и улога во фотосинтезата.
- Бакарот, железото, манганот, молибденот и цинкот се кофактори во работењето на многу ензими.[17] Недостатокот од овие елементи предизвикува неделотворно производство на хлорофил, што се пројавува како хлороза.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.