![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/Orca-Sch%25C3%25A4del.jpg/640px-Orca-Sch%25C3%25A4del.jpg&w=640&q=50)
Вилични ’рбетници
инфраколено животни / From Wikipedia, the free encyclopedia
Виличните ’рбетници (на лат. Gnathostomata) сочинуваат голема група на ‘рбетници. Името на оваа група доаѓа од грчките зборови γνάθος (гнатос) што значи вилица и στόμα (стома) што значи уста.
Вилични ’рбетници Период: доцен ордовик - денес | |
---|---|
![]() | |
Gnathostomata ги вклучува ‘рбетниците со вилица | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Потколено: | Vertebrata |
Инфраколено: | Gnathostomata |
Подгрупи | |
Placodermi † |
Оваа група традиционално се смета за наткласа, разделена на две подгрупи: ‘рскавични риби и сите останати членови, како што се познатите класи на коскени риби, птици, цицачи, влекачи и водоземци. Таа е сестринска група на безвиличните ‘рбетници - Agnatha.
Скорешните генетски истражувања ја ревидираат систематиката на Gnathostomata како група.
Новите фосилни наоди укажуваат на тоа дека телодонтите (Thelodonti) се најблиските сродници на Gnathostomata.[1]
Се смета дека вилиците еволуирале од предните потпорни жабрени коскени лакови, кои преземале нова улога. Со отворањето и затворањето на усната празнина се испумпува водата кон жабрите - механизам на букална пумпа. Со ова, устата можела да стане поголема и поширока, овозможувајќи да се фати поголем плен. На овој начин, отворачкиот и затворачкиот механизам би станал посилен и поцврст, со што се изменил во вистински вилици.
Наместо заби, оклопните риби користеле остри коскени плочки, а поновите истражувања укажуваат на тоа дека вилиците кај оклопните риби еволуирале независно од тие на останатите вилични ‘рбетници.[2]
Други препознавачки одлики на денешните вилични ‘рбетници се миелинските обвивки на невроните. Исто така, присуството на стекнат имун систем кој користи V(D)J рекомбинација за да создаде препознавачки места за антигени.[3]
Виличните ‘рбетници најпрво се појавиле во Ордовик и станале чести во девонот.