Википедија:Избрана слика/2018/мај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец мај 2018 година.
1 мај 2018 | 2 мај 2018 |
Јужната поларна светлина над Југозападниот национален парк во Тасманија, Австралија. |
Кралскиот дворец во Амстердам на самрак. Изграден е како градски дом и отворен во 1655 г. |
3 мај 2018 | 4 мај 2018 |
Цветови на круша (Pyrus communis). |
Денес е Ден на пожарникарите. |
5 мај 2018 | 6 мај 2018 |
Дел од „Сферата“ на Олафур Елијасон во трговскиот центар „Пет двора“ (Fünf Höfe) во Минхен. |
БМП-1 (граѓанска реплика) на собир на историски воени возила во Дарлово, Полска. |
7 мај 2018 | 8 мај 2018 |
Сина водена девица (Enallagma cyathigerum, недораснат мажјак) во Оксфордшир, Англија. |
Широк поглед на образбите „Тарски Катедрали“ (лево) и Тарската Солница во пустината Атакама во северно Чиле. |
9 мај 2018 | 10 мај 2018 |
Поглед на Државниот историски музеј пред Црвениот плоштад во Москва. |
Разнобојни чадори закачени над улицата „Вестергаде“ во Виборг, Данска. |
11 мај 2018 | 12 мај 2018 |
Ветерницата во Брил, Бакингемшир, Англија, изградена во XVII век. |
Одморалишниот остров Тудуфуши во атолот Алиф Дал на Малдивите. |
13 мај 2018 | 14 мај 2018 |
Зраци низ северното кубе во Соборната џамија во Исфахан — една од најстарите зачувани градби во Иран. Прогласена е за светско наследство на УНЕСКО. Изградена е во 771 г. и постојано менувана сè до XX век. |
Жолтообрабена сорта на сина функија (Hosta sieboldiana). |
15 мај 2018 | 16 мај 2018 |
Метростаницата „Румјанцево“ во Москва. |
Статуа на Јован Непомучки на Карловиот мост во Прага. |
17 мај 2018 | 18 мај 2018 |
Капела на Светиот Гроб на истоимениот манастир во Хајлигенграбе, Бранденбург, Германија. |
Скитничко вилинско коњче (Pantala flavescens) |
19 мај 2018 | 20 мај 2018 |
Телевизиската кула недалеку од плоштадот „Александерплац“ во Берлин. Се издига 368 м над градот и со тоа е највисока градба во Германија. |
Домот на светските култури во паркот Тиргартен, Берлин. |
21 мај 2018 | 22 мај 2018 |
Воденицата „Боргмиле“ во Лидингхаузен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија, изградена во 1406 г. |
Црвеногушка (Erithacus rubecula) |
23 мај 2018 | 24 мај 2018 |
Британската аеробатска ескадрила „Црвени стрели“ во Линколншир, Англија. |
Црвена краба камењарка (Grapsus grapsus) на островот Сан Кристобал, Галапагос. |
25 мај 2018 | 26 мај 2018 |
Леопард (Panthera pardus, женка) како се симнува од дрво во резерватот „Саби Сенд“, ЈАР. |
Поглед на автобуска станица и мостот кон Стариот град на Стокхолм, Шведска. |
27 мај 2018 | 28 мај 2018 |
Петропавловската тврдина во Санкт Петербург од воздух. |
Змејар на вода кај Воркум, Холандија. |
29 мај 2018 | 30 мај 2018 |
Поглед на маглината Орион (Месје 42), оддалечена 1.350 сг од Земјата. |
Древен вид на водоснабдување кај градот Наска во Перу. Водоводот е изграден од насканската култура околу VI век, пред доаѓањето на Инките. |
31 мај 2018 | |
Психа (Leptosia nina) — мала пеперутка од семејството на зелкарите (Pieridae) која живее во Азија. |
|
- 2007
- 2008: XI • XII
- 2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2011: I • II
- 2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
- Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
- Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
- Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
- Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
- сликата која добила најмногу гласови {{за}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.
- Избраната слика се поставува на главната страница.