Карлов мост
мост во Прага / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карлов мост (чешки: [Karlův most] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — историски мост на реката В’лтава во Прага, Чешка. Почнал да се гради во 1357 г. под покровителство на светиот римски цар Карло IV, а завршен на почетокот на XV век.[2] Изграден е како замена за стариот Јудитин мост (изг. 1158–1172) кој претрпел големи штети во поплавата од 1342 г. Сè до 1870 г. мостот го носел името Камен мост (Kamenný most) или Прашки мост (Pražský most).[2] Во минатото, градбата уживала големо значење како единствен премин преку В’лтава во Прага (сè до 1841 г.), поврзувајќи ги Прашкиот и Стариот град и неговата околина. Ова овозможувало клучна врска во трговијата помеѓу Источна и Западна Европа.
Карлов мост Karlův most | |
---|---|
Носи | пешачки |
Преминува | В’лтава |
Место | Прага |
Други називи | Камен мост, Прашки мост |
Особености | |
Вид | камен |
Материјал | песочник |
Вкуп. должина | 515,8 м[1] |
Ширина | 9,5 м[1] |
Најдолг распон | 13,4 м[1] |
Потпростор | 13 м[1] |
Историја | |
Проектант | Петар Парлер |
Почнат | 1357[1] |
Завршен | 1402[1] |
Местоположба | |
Мостот е долг 621 м, а широк околу 10 м, по пример на Камениот мост во Регенсбург. Има 16 лака, под кои стојат заштитни мразобрани.[2] Има три мостобрани — два од Малата Страна и еден на страната на Стариот град. Староградскиот мостобран се смета за една од највпечатливите готски градби во светот. По мостот се наредени 30 статуи, претежно во барокен стил, подигнати околу почетокот на XVIII век, а денес заменети со реплики.
Поправките започнуваат кон крајот на 2019 г. и траат 20 години.