Вик (клисура)
клисура во Епир, Грција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вик или Викос (грчки: Φαράγγι του Βίκου) — длабока клисура во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Тимфи и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[1] Името потекнува од словенскиот поим вик, што се однесува на одекот што се слуша кога некој вика.[2]
Вик / Викос Φαρράγγι του Βίκου | |
Поглед на клисурата Вик од Белои | |
Земја | Грција |
---|---|
Регион | Епир |
Округ | Јанина |
Општина | Загори |
Должина | 20 км |
Ширина | до 0,4 км |
Длабочина | 450 до 1.600 м |
Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.[3]
Клисурата се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Вик-Војуша во областа Загори. Започнува меѓу селата Горно Маало, маало на блиското село Везица (Вица), денес Монодрендри[4] и Кукули, и завршува во близина на селото Високо (Вицико, Викос).[5]
Низ клисурата тече Водоматица, една од притоките на реката Војуша.