Тимфи
планина во Епир From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимфи (грчки: Τύμφη) — планина во северниот дел на округот Јанина, дел од веригата Пинд. Во реонот на Тимфи се наоѓа областа Загори. Врвовите на Тимфи се издигаат над 2400 m надморска височина. Планината е шеста по височина во Грција и е долга 20 – 25 км во правец исток-запад, и ширина 15 км север-југ. На Тимфи извира Водоматица, притока на реката Војуша.
Тимфи | |
---|---|
Τύμφη | |
Поглед на западната страна на Гамила во лето | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2497 м [1] |
Истакнатост | 1266 м [2] |
Координати | 39°58′54″N 20°48′54″E [3] |
Друго име | Τύμφη |
Географија | |
Место | Округ Јанина, Епир, Грција |
Матичен венец | Пинд |
Топокарта | HMGS Tsepelovo; Anávasi Topo 50 Pindus Zagori |
Геологија | |
Старост на карпата | палаеоцен-еоцен |
Вид | венечна планина |
Искачување | |
Прво освојување | непознато; прво регистрирано искачување: 1956 |
Најлесен пат | прошетка |
Највисок врв на планината, Гамила, се издига на 2497 м, а Гура со 2467 м и Астрака со 2432 м ја пополнуваат водечката тројка. Во масивот на Тимфи, на неговата јужна страна, се наоѓа клисурата Вик со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[4]. Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.[5] Клисурата Вик, заедно со соседната на Војуша, го образуваат Националниот парк Вик-Војуша во северниот дел на Тимфи.
Особена одлика на ова подрачје се природните базени настанати со ерозија на локални струи.[6] На највисоки надморски висини на планината Тимфи се наоѓаат голем број алпски езера и ретки видови водоземци кои главно живеат на планинските пасишта. Најголемо езеро во паркот е Драколимни, формација која настанала после повлекување на ледници[6], а се наоѓа на надморска висина од 2.050 м. Површината му е околу 1 хектар, а најголемата длабочина изнесува 4,95 м.[7]
На просторот на селото Папинго во близина на врвовите Гамила и Астака, во рамки на националниот парк, се наоѓаат голем број јами и пештери. Некои од нив ги добиле имињата од старогрчката митологија, како што е пештерата Одисеја и Епската Провалија. Пештерата Проватина е длабока 408 m, што ја прави една од најдлабоките пештери на светот. Била откриена во 1965 година од страна на британскиот спелеолог и од тогаш била истражувана повеќепати. Длабочината на Епската Провалија е 451 метар и таа црпи вода од подземни извори.[8]
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.