Притока
From Wikipedia, the free encyclopedia
Притока е река или поток кој се влева во поголема „матична“ река. Притоката по дефиниција не се влева директно во езеро, море или океан. Притоките и матичната река играат улога на одвод на површинските води и подземни води во еден слив, носејќи ја водата кон морето или друга голема водна површина.
Устие е место каде што се среќаваат две или повеќе водни површини, но зборот најчесто се употребува во контекст на притоки.
Обратна од притоката е растоката - река која скршнува од матичната во свој ракав и тече засебно. Тие најчесто се среќаваат кај речните делти.