From Wikipedia, the free encyclopedia
Венетскиот е исчезнат индоевропски јазик што бил зборуван во античките времиња во северна Италија поточно во областа Венето и денешна Словенија[2][3][4]. Јазикот е зачуван во писмена форма на околу 300 натписи што датираат од 6 век п.н.е. па сè до 1 век. Луѓето што го зборувале јазикот се нарекувале Венети од страна на Римјаните и Грците. Јазикот тотално се изгубил со освојувањето на територијата од страна на Римското Царство.
Венетски јазик | |
---|---|
Застапен во | Италија, Словенија |
Подрачје | Балкан, Апенински Полуостров |
Изумрен | околу 1 век |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Етнолингвистичка мапа на Апенинскиот полуостров во железното време, пред римската експанзија |
Венетскиот е кентумски јазик. Натписите користат северноиталско писмо, кое е слично на етрурската азбука.
Точниот однос на венетскиот со другите индоевропски јазици сè уште се истражува, но повеќето научници се согласни дека венетскиот делел некои сличности со италските јазици и затоа понекогаш се класифицира како италски јазик. Меѓутоа, бидејќи делел некои сличности со другите западни индоевропски гранки (особено келтските и германските јазици), некои лигвисти претпочитаат да го класифицираат како засебен индоевропски јазик. Венетскиот исто така можеби бил поврзан со илирските јазици кои биле зборувани на западен Балкан, а теоријата дека илирскиот и венетскиот биле тесно поврзани и денес е дебатирана помеѓу научниците.
Натписите се пронајдени на бронзена накит во Есте, Италија. Примерите се од Јадранскиот Венетски јазик, а за останатите дијалекти на овој јазик има слабо извори. Овој дијалект е сличен со латинскиот јаизк.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.