Брчево — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Селото се наоѓа во северниот дел на Струшкото Поле. Селото лежи на југозападните падини на Караорман.
На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатотоГодина | Нас. | ±% |
---|
1948 | 299 | — |
---|
1953 | 316 | +5.7% |
---|
1961 | 355 | +12.3% |
---|
1971 | 308 | −13.2% |
---|
1981 | 140 | −54.5% |
---|
| Година | Нас. | ±% |
---|
1991 | 54 | −61.4% |
---|
1994 | 33 | −38.9% |
---|
2002 | 9 | −72.7% |
---|
2021 | 6 | −33.3% |
---|
|
|
Затвори
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брчево живееле 300 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бчрево имало 336 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Барчово е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Повеќе информации Година ...
Година |
1900 |
1905 |
1948 |
1953 |
1961 |
1971 |
1981 |
1991 |
1994 |
2002 |
2021 |
Население |
300 |
336 |
299 |
316 |
355 |
308 |
140 |
54 |
33 |
9 |
6 |
Затвори
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Брчево е македонско село.
Родови во селото се, според истражувањата од 1980 година:
- Староседелци: Стрезовци (3 к.), Ристевци (6 к.), Павлевци (5 к.), Цуцуловци (3 к.), Крстановци (3 к.), Балтовци (2 к.), Брановци (1 к.), Караџовци (1 к.) и Вељановци (1 к.)
- Доселеници: Димовци (3 к.) доселени се од Дебарско; Кленковци или Милошевци (1 к.) доселени се од селото Клење, Голо Брдо (денес во Албанија) од овој род има иселеници во голем број; Марковци или Мечкаровци (3 к.) доселени се од раселеното село Глобочица, го знаат следното родословие: Дончо (жив на 67 г. во 1980 година) Софран-Коте-Нелко-Марко, основачот на родот кој се доселил, Марко имал четири сина, од кои двајца останале во Глобочица, а со другите дошол во денешното село.[11]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Староседелци: Стрезовци (6 к.), Павлевци (7 к.) и Брановци или Николовци (5 к.) Николовци се викаат поради призетениот предок кој дошол од селото Модрич во Дримкол.
- Со непознато потекло: Вељановци (3 к.) и Караџовци (2 к.)
- Доселеници: Балтовци (4 к.) доселени се од раселеното село Дедено кај Глобочица; Ѓорговци (1 к.) и они се доселени од истото место како и претходниот род; Ристовци или Цуцуловци (16 к.) доселени се од Косоврасти кај Дебар, поради крв; Крстановци (4 к.) доселени се од некое село во Гора кај Призрен во Косово; Милошовци или Кленковци (2 к.) доселени се од селото Клење во Голо Брдо, Албанија; Мечкаровци или Марковци (4 к.) доселени се од селото Глобочица.[12]
- Никола Василов Крстаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Марко Ѓуров Маркоски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Профил Ристоски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Вело Трифунов Ристоски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
Брчево цело време давало иселеници. Има иселеници во Струга, Битола и Белград. Селаните кажувале дека Брчево има дадено повеќе иселеници, отколку што има жители во селото. Иселеници има и во некои околни села. Во Ложани се иселени Савевци (1 к.). Во Мороишта се иселени Брчевци (8 к.), а во Мислешево исто така Брчевци (8 к.).[11]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
- Од Стрезовци иселеници има во: Белград (шест семејства од 1926 година).
- Од Павлевци иселеници има во: Цапари (едно семејство од 1878 година), неко— село кај Петрич (едно семејство од 1888 година), Белград (едно семејство од 1945 година) и во Скопје (едно семејство од 1945 година).
- Од Вељановци иселеници има во: околината на Бачка (едно семејство од 1926 година) и во Земун (едно семејство од 1939 година).
- Од Караџовци иселеници има во: Белград (три семејства од 1945 година).
- Од Балтовци иселеници има во: Скопје (едно семејство од 1945 година).
- Од Ѓорговци иселеници има во: Лерин (едно семејство од 1888 година).
- Од Ристовци иселеници има во: Осиек (две семејства од 1898 година), Загреб (едно семејство од 1898 година) и во Крајова (две семејства од 1900 година).
- Од Мечкаровци иселеници има во: Софија (едно семејство од 1928 година) и во Белград (две семејства од 1945 година).[12]
„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 184-185.
Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Брчево. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.