Брајан Фери
англиски пејач и текстописец (роден 1945) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Bryan Ferry (англ. Bryan Ferry; роден на 26 септември 1945 година) ― англиски пејач и текстописец, најпознат како ко-основач на групата Roxy Music.[2]
Брајан Фери | |
---|---|
Брајан Фери на настап на 2 април 2012 | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 26 септември 1945(1945-09-26) (78 г.)[1] Вашингтон, Грофовија Дарем, Англија |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1967–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | bryanferry.com |
Брајан Фери е роден во семејство од работничка класа. Студирал ликовна уметност и предавал во средно училиште пред да започне музичка кариера. Во 1970 година, ја основал рок групата Roxy Music и станал нејзин главен пејач и текстописец. Уникатниот звук и визуелниот имиџ на групата го промовирале Фери како водечка културна икона во следната деценија.[3]
Во 1973 година со издавање на албумот This Foolish Things, Фери започнал паралелна соло кариера. По објавувањето на нивниот најпродаван албум Авалон, во 1982 година Фери ја распуштил Рокси Мјузик со цел да се концентрира на неговата соло кариера.[4] Како солист и како член на Roxy Music, Фери продал преку 30 милиони албуми ширум светот.[5] Во 2019 година, Фери како член на Roxy Music бил внесен во Куќата на славата на рокенролот.[6]