![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/31/Roxy_Music_-_TopPop_1973_06.png/640px-Roxy_Music_-_TopPop_1973_06.png&w=640&q=50)
Roxy Music
англиска арт рок група основана во 1970 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Roxy Music ― англиска рок група основана во 1970 година од страна на главниот вокал и текстописец Брајан Фери и басистот Греам Симпсон. Подоцна кон групата се придружиле саксофонистот и обоист Енди Мекеј, гитаристот Фил Манзанера, тапанарот Пол Томпсон и клавијатуристот Брајан Ино. Симпсон си заминал непосредно пред објавувањето на нивниот прв албум во 1972 година. Фери, Мекеј и Манзенера останале како членови на групата во целокупнотот нејзино постоење. Томпсон ја напуштил во 1979 година и повторно се приклучил во 2001 година. Други членови биле клавијатуристот и виолинист Еди Џобсон (кој го замени Ино во 1973 година) и басистот Џон Густафсон. Групата се разделила во 1976 година, повторно се обединиле во 1978 година и повторно се разделиле во 1983 година. Во 2001 година, Фери, Мекеј, Манзанера и Томпсон уште еднаш се обединиле за концертна турнеја и оттогаш повремено оделе на турнеи, а последен пат во 2022 година за да ја прослават 50-годишнината од нивниот прв албум.[11] Брајан Фери, за време на неговата соло кариера, исто така, често ангажирал членови од групата како сесиски музичари.
Roxy Music | |
---|---|
![]() Roxy Music во 1973. Од лево на десно: Еди Џобсон, Пол Томпсон, Фил Манзанера, Брајан Фери, Сал Маида, Енди Мекеј | |
Животописни податоци | |
Потекло | Дарам/Лондон, Англија |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | roxymusic.co.uk |
Во текот на 1970-тите, Roxy Music станала популарна група во Европа и Австралија. Популарноста започнала по објавувањето на нивниот прв албум во 1972 година.[12] Групата била пионер во употребата на неколку музички софистицирани глам-рок елементи, и истовремено значително влијаела на раната англиска панк музика.[13] Со иновативните елементи на електронската композиција, групата била модел за многу њу-вејв изведувачи. Последниот студиски албум на Roxy Music бил Авалон (1982). Со овој албум успеале да се пробијат во Соединетите Американски Држави, каде што претходните десет години имале статус на умерено успешен култен бенд.[14]
Вон групата, Фери и Ино имале исклучителни соло кариери, а Ино станал еден од најзначајните британски музички продуценти од крајот на 20 век. Во 2019 година, Roxy Music биле примени во Куќата на славата на рокенролот.[15] [16]