Американски бизон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Американски бизон (науч. Bison bison) наречен и бафало (англиски: buffalo) — вид бизон од тревните предели на Северна Америка. Некогаш живеел огромни стада, но во XIX е доведен до раб на истребување поради прекумерниот стопански лов и болестите префатени од домашниот добиток. Во поново време бројноста му е зголемена, но ова е ограничено на неколку национални паркови и резервати. Изворното живеалиште на бизонот сочинувало триаголник помеѓу Големото Мечкино Езеро во најсеверозападниот дел на Канада, на југ до сојузните држави и Дуранго и Нов Леон во Мексико, а на исток до источното крејбрежје на САД, од Њујорк до Џорџија, па дури и до Флорида и Северна Каролина.[2][3][4]
Американски бизон Период: ран холоцен – денес | |
---|---|
Американски бизон Огласување | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Надред: | Копитари |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Потсемејство: | Говеда |
Род: | Бизон |
Вид: | Американски бизон |
Научен назив | |
Bison bison (Linnaeus, 1758) | |
Подвидови | |
B. b. athabascae | |
Синоними | |
Bos americanus |
Постојат два подвида: рамничарскиот бизон (Bison bison bison), кој е помал и со позаоблена грпка, и шумскиот бизон (Bison bison athabascae), кој е повисок и има поаглеста грпка.[5][6][7][8][9][10] Шумскиот бизон е трет вид по големина меѓу говедата во светот, веднаш зад гаурот и индискиот бивол. Во денешно време претставува најголемото копнено животно на американските континенти.
Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[11]