Национален парк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален парк — заштитен природен или полуприроден предел во сопственост на владата на една земја. Во ваквото подрачје се забранети градежни потфати, експлоатација на природните ресурси и менување на теренот, а се дозволува негово користење за рекреација и еколошки активности. Првиот национален парк во светот е Јелоустоун во САД, основан во 1872 г., иако самата идеја е постара. Првиот во Македонија е Пелистер, прогласен во 1948 г. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN), и неговата Светска комисија за заштитени области, националните паркови се класификуваат како заштитени области од II категорија. Најголемиот национален парк во светот е Североисточен Гренланд, основан во 1974 г. Според МСЗП во светот постојат околу 7000 национални паркови (2010).[1]