![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/25/Idioma_Balin%25C3%25A9s.png/640px-Idioma_Balin%25C3%25A9s.png&w=640&q=50)
Балиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Балиски јазик (Basä Bali) — јазик од поширокото малајско-полинезиски семејство кој го говорат 3,3 милиони луѓе[1] на индонезискиот остров Бали, на северот на Пенида, западниот дел на Ломбок и источна Јава.[2] Највеќето говорници на балискиот го владеат и индонезискиот јазик.
Балиски | |
---|---|
ᬪᬵᬱᬩᬮᬶ, ᬩᬲᬩᬮᬶ Bhāṣa Bali, Basä Bali | |
![]() | |
Застапен во | Индонезија |
Подрачје | Бали, Пенида, Ломбок и Јава |
Народ | Балијци, Балиаги |
Говорници | 3,3 милиони (2000) |
Јазично семејство | |
Претходни облици: | старобалиски
|
Писмо | латиница, балиско |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | ban |
ISO 639-3 | ban |
Во 2011, Културната агенција на Бали објавила дека на островот Бали нема повеќе од 1 милион жители што го користат балискиот јазик во секојдневниот живот бидејќи во градовите родителите говорат само на индонезиски (па дури и англиски), а истиот има исчезнато од установите и медиумите. Најголемиот дел од населението не го владее и користи балиското писмо, а во секојдневието, јазикот се употребува смешан со индонезиски. Меѓутоа, иселениците во други подрачја вон Бали го користат јазикот во изворен облик и затоа тие играат важна улога во неговото зачувување.[3]
Повисоките регистри на јазикот имаат многу заемки од јаванскиот. На Бали се користи и кави (стар облик на класичниот јавански) во богослужби, обреди и свечености.