Бакау
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бакау (романски: Bacău, германски: Barchau, унгарски: Bákó) — град во источниот дел на Романија и административен центар на округот Бакау, во историскиот регион на Молдавија. Областа зафаќа површина од 41.3 км2.
Бакау | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Податотека:Catedrala Bacau (8370387867).jpg | |||
Местоположба на градот на картата на Романија | |||
Координати: 46°35′N 26°55′E | |||
Земја | Романија | ||
Округ | Бакау | ||
Основање | 1408 | ||
Површина | |||
• Град | 41,3 км2 (159 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 165||
Население (2011)[1] | |||
• Град | 144,307 | ||
• Густина | 3.494/км2 (9,050/ми2) | ||
• Метро | 250,000x | ||
Демоним | băcăuan, băcăuancă (романски) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски код | 600xxx | ||
Повик. бр. | (+40) 234 | ||
Регистарски таблички | BC | ||
Клима | Влажна континентална | ||
Мреж. место | www.primariabacau.ro |
Според пописот на земјата од 2011 година, во градот живееле 144,307 лица[1], што го прави петнаесетти најнаселен град во Романија.
Името на градот, според старословенските документи, се среќава како Бако, Бакова или Баковија, и најверојатно се однесува на некое лично име.[2], бидејќи машките често го носеле името Бако според документи во средновековна Трансилванија[3] и Бугарија, но според Виктор Спинеј, самото име е на турски - најверојатно од куманско или печенско потекло[4]. Николае Јорга верува дека името на градот е од унгарско потекло.[5]. Друга теорија сугерира дека името на градот има словенско потекло, што укажува на зборот „бик“[6]. Во Германија градот е познат како Баркау, на унгарски како Бако и на турски како Бака.
Слично како и кај поголемите урбани центри во Молдавија, Бакау бил изграден на место каде поминува вода[7]. Има археолошки докази за човечка населба во центарот на Бакау од 6 и 7 век. Овие населби биле изградени над постарите населби од 4 и 5 век. Голем број на бродови биле принајдени во околината со крстови, кое укажува дека жителите биле христијани[8]. Печенезите и Куманите ја контролирале долината Бистрица во 10, 11 и 12 век[9]. Колонистите одиграле значајна улога во развојот на градот[10]. Археолошките наоди од втората половина на 15 век укажуваат на тоа дека Унгарците започнале да се населуваат во регионот по 1345-1347 година кога територијата била под контрола на Кралство Унгарија.[11]. Тие главно се населувале по бреговите на реката Бистрица[12]. Откривањето на керамика од 14 век укажува на присуство на германски колонисти од север. Првично градот се ширел околу Римокатоличката заедница, на долниот тек на реката[3].
Градот бил првпат споменат во 1408 година кога принцот Александар Добриот (1400-1432), им дал привилегија на полските трговци околу царинските трошоци. Царинската куќа во градот се споменува во старословенскиот јазик како „krainee mîto“. Недатиран документ открива дека управителот во Бакау, кој е на чело на градот, е избран од страна на жителите на градот и тој има право да ги осуди сторителите на кривични дела на смрт. Според тоа, ова право може да се додели на заедницата чија територијата била под контрола на Кралството Унгарија.[13][14] Печатот на Бакау бил со овална форма, што е исклучително во Молдавија, бидејќи печатите на другите градови биле кружни.
Сопругата на Александар Добриот во историските документи се појавува како основач на францисканската црква на Пресвета Богородица во Бакау[15]. Но, главната католичка црква во градот била посветена на Свети Никола. Од едно писмо напишано од страна на католичкиот епископ, се дознава дека во градот опстојувала и католичка бискупија во тоа време[15][16]. Од писмото исто така се дознава дека Хуситите кои кои биле подложени на гонења во Чешка, Моравија или Унгарија, се населиле во градот и добиле привилегии од страна на Александар Добриот.
Во текот на 16 век била изградена православна црква и една мала резиденција на владетелите на Молдавија била изградена во градот во првата половина на 15 век. Таа била обновена и проширена од Стефан III Велики (1457-1504), кој, исто така, изградил уште една православна црква. Во текот на 16 и 17 век, градот на неколкупати бил разрушен од страна на Унгарците, Татарите и.т.н[17]. Според еден документ од 1655 година, Унгарците сè уште биле мнозинство во градот.
Првата фабрика за хартија во Молдавија била основана во градот во 1851 година[18]. Градот бил прогласен за општина во 1968 година[18].
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1900 | 16.187 | — |
1912 | 18.846 | +16.4% |
1930 | 31.138 | +65.2% |
1948 | 34.461 | +10.7% |
1956 | 54.138 | +57.1% |
1966 | 73.414 | +35.6% |
1977 | 127.299 | +73.4% |
1992 | 205.029 | +61.1% |
2002 | 175.500 | −14.4% |
2011 | 144.307 | −17.8% |
Извор: Census data |
На пописот во 2011 година градот имал население од 144.307 жители, што претставува намалување од бројката забележана во пописот од 2002 година[1].
Етничкиот состав во градот е:
Градот се наоѓа на околу 300 километри северно од Букурешт. Во околината на градот се наоѓа Меѓународниот аеродром Бакау кој обезбедува директни врски со романскиот град Темишвар и со 10 градови во Европа.
Железничката станица Бакау е една од најпрометните во Романија. Градот е поврзан со главните романски градови. Железничката станица е важна транзитна станица за меѓународни возови од Украина, Русија и Бугарија.
Во градот има еден државен универзитет и неколку колеџи. Двата големи романски поети, Георге Баковија и Василе Александри се родени во Бакау. Во градот се наоѓаат неколку театри, меѓу кој најпознати се Драмскиот театар Буковија, куклениот театар, оркестарот на филмхармонијата. Во музејот Јулијан Антоанеску се наоѓаат антички предмети од Дакија. Градот исто така има и астрономска опсерваторија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.