From Wikipedia, the free encyclopedia
Базелскиот мир од 1795 година се состои од три мировни договори кои ги склучила Франција за време на Француската револуција.[1]
Карта на Средна Европа по Базелскиот мир и Договорот од Кампо Формио. | |
Контекст |
|
---|---|
Потпишан | 1795 |
Место | Базел, Стар Швајцарски Сојуз |
Потписници |
|
Со голема дипломатска мудрост, договорите на Франција ѝ овозможиле еден по еден да ги задоволи и да ги подели своите непријатели од Првата коалиција. Потоа, револуционерна Франција се истакнала како голема европска сила.[3]
Првиот договор, на 5 април 1795 година меѓу Франција и Прусија, бил предмет на дискусија од 1794 година. Во тајност, Прусија ја признала француската контрола врз западниот брег на Рајна. Франција ѝ ги отстапила сите земји источно од Рајна освоени во војната.
Прусија се придржувала на договорот од Базел до 1806 година, кога се приклучила на Четвртата коалиција.
Во вториот договор, на 22 јули, Шпанија на Франција ѝ ги отстапила источните две третини од островот Хаити во замена за задржување на Гипускоа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.