Базелски мир

From Wikipedia, the free encyclopedia

Базелски мир

Базелскиот мир од 1795 година се состои од три мировни договори кои ги склучила Франција за време на Француската револуција.[1]

  • Мировен договор со Прусија (претставувана од Карл Август фон Харденберг) на 5 април; [2]
  • Мировен договор со Шпанија (претставувана од Доминго д'Ириарте ) на 22 јули, со кој завршила Пиринејската војна;
  • Мировен договор со Ландграфството Хесен-Касел (претставувано од Фридрих Сигизмунд Вајц фон Ешен) на 28 август, со што завршила фазата на Француските револуционерни војни против Првата коалиција.[1]
Кратки факти Контекст, Потпишан ...
Базелски мир
Thumb
Карта на Средна Европа по Базелскиот мир и Договорот од Кампо Формио.
Контекст
  • Крај на војната на Првата коалиција меѓу Франција од една и Прусија, Шпанија и Хесен-Касел од друга страна
Потпишан1795
МестоБазел, Стар Швајцарски Сојуз
Потписници
Затвори

Со голема дипломатска мудрост, договорите на Франција ѝ овозможиле еден по еден да ги задоволи и да ги подели своите непријатели од Првата коалиција. Потоа, револуционерна Франција се истакнала како голема европска сила.[3]

Првиот договор, на 5 април 1795 година меѓу Франција и Прусија, бил предмет на дискусија од 1794 година. Во тајност, Прусија ја признала француската контрола врз западниот брег на Рајна. Франција ѝ ги отстапила сите земји источно од Рајна освоени во војната.

Прусија се придржувала на договорот од Базел до 1806 година, кога се приклучила на Четвртата коалиција.

Во вториот договор, на 22 јули, Шпанија на Франција ѝ ги отстапила источните две третини од островот Хаити во замена за задржување на Гипускоа.

Поврзано

  • Цисрајнска Република

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.