Бад Елстер
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бад Елстер (германски: Bad Elster) — бањски град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на границата со Баварија и Чешка во планинскиот масив Елстер. Сместен е на реката Вајсе Елстер и е опкружен од големите шумски подрачја во неговата околина. Се наоѓа 25 километри југоисточно од Плауен и 25 километри северозападно од Чеб.
Бад Елстер | |
Театар Бад Елстер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Фогтланд |
Градоначалник | Кристоф Флемиг |
Основни податоци | |
Површина | 23 км2 |
Надм. височина | 546 м |
Население | 3.644 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 158 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | V |
Пошт. бр. | 08645 |
Повик. бр. | 037437 |
Портал | www.badelster.de |
Местоположба на градот Бад Елстер во рамките на округот Фогтланд | |
Координати | 50°16′55″N 12°14′5″E |
Два километри северозападно од центарот на градот се наоѓаат остатоците на селото од XII век, денес познато како Алте Шлос („Alte Schloss“ или „Стариот замок“). Ова било првпат споменато во 1324 година.
Во 1412 година бил продаден дворецот на семејството фон Цетвиц, кое го поседувал до 1800 година.
Во 1533 година стигнала реформацијата во Адорф и нејзината сестринска црква во Елстер и бил поставен првиот протестантски свештеник во 1540 година.
Лековитите дејства на водите од изворот денес познат како Морицквеле биле откриени многу време пред Георг Лајснер, физичар испратен од војводата Мориц фон Заксен-Цајц, да напише дека водите имаат лековито дејство врз многу различни болести.
Како познат посетител во селото се вбројува Јохан Волфганг фон Гете, кој стигнал во 1795 година. Го споменувал изворот во Елстер во неговото дело Херман и Доротеја.
Елстер станала независна парохија во 1851 година. Во 1892 година старата црква Свети Петар и Павле била срушена и заменета со готската црква Света Троица.
Елстер бил унапреден во „Königlich-Sächsischen Staatsbad“, официјална кралска бања на Саксонија во 1848. Со таа почест бројот на посетитело растел: 1848: 129; 1850: 378, 1860: 1.750, 1870: 2.450, 1890: 5.870, 1900: 8.900 и 1990: 15.600.
Елстер го прифатил Бад означувајќи „бања“ во 1875, Bad Elster станало негово официјално име во 1935 година. Во 1880 година бил отворен „Bademuseum Bad Elster“, прв музеј во градот и во Фогтланд, кој не постоел долго време. Нов музеј бил отворен во 1993 година.
Движење на населението (од 1964 на 31 декември):
|
|
|
Главни индустрии во градот се туризмот и здравството. Постојат седум клиники специјализирани за закрепнување. Во 2005 година постоеле 35 објекти кои нуделе сместување со 2.400 кревети и оствариле 540.000 ноќевања.
Градот се наоѓа близу сојузниот автопат Б92. Постоеле два гранични премини со Чешка; отворени за пешаци и велосипедисти, но не и за автомобили, иако по Шенгенскиот договор, премините се отстранети. Железничката станица се наоѓа на 2,5 километри од центарот на градот на Милхаузен на линијата Плауен-Егер.
Најважни градби во Бад Елстер се од последниот дел на XIX век:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.