Атанас Бадев
македонски композитор и музички педагог / From Wikipedia, the free encyclopedia
Атанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 - Ќустендил, 21 септември 1908) — македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори. Основно образование завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во I машка гимназија[1] во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп. По желба на семејството две години студирал математика и физика во Универзитетот во Одеса. По враќањето од Русија се вработил во Солун, со намера да обезбеди средства за понатамошното образование.
Атанас Бадев | ||
![]() | ||
Роден | 14 јануари 1860 Прилеп, Битолски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 21 септември 1908 Ќустендил, Бугарија | |
Познат | композитор, хорски и музички теоретичар |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4e/Atanas_Badev_Zlatoustova_Liturgiya.jpg/220px-Atanas_Badev_Zlatoustova_Liturgiya.jpg)
Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Милиј Балакирев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и собирал македонската народна музика, бил наставник по музика и хорски диригент во Солун. По бунтот на учениците од Солунската гимназија (1896) е преместен во Русе, потоа во Самоков и во Ќустендил.