![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a0/Gaffurio_Pythagoras.png/640px-Gaffurio_Pythagoras.png&w=640&q=50)
Теорија на музиката
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теорија на музиката - (англиски јазик music theory и француски јазик théorie de la musique) е наука која се занимава со толкување на музички елементи, правила и закони според кои тие се применуваат при создавањето и изведбата на музички дела, од чијашто пракса потекнува оваа наука.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a0/Gaffurio_Pythagoras.png/640px-Gaffurio_Pythagoras.png)
Сите елементи на „музичката теорија“ се истовремено] [Наставни] предмети во пониските и средните музички училишта и музички академии - факултети, бидејќи тие се тесно поврзани со музичката пракса во живо. Името „теорија“ има грчко потекло и значи „набљудување, објаснување“[1].
„Теоријата на музика“ се состои од:
- Основи на музичката теорија (општи музички концепти: нотација - правопис, именување тонови, музички скали ...)
- Хармонија односот и поврзаноста на тоновите на акордите во хармонична целина, според хармониските закони. Таа го проучува „хомофоничниот“ слог, односно таквата фактура на полифоничен став во кој доминира вертикалниот елемент (има еден водечки мелодичен глас и хармонична придружба подредени на него).
- Контрапункт, наука за гласовно водење, каде што тие се еднакви и релативно независни мелодиски линии („полифонијата“ или „контрапунктниот слог“ се хоризонтално ориентирани).
- Музички форми, форми што композиторот ги избира за да го покаже својот внатрешен свет во нив.
- Акустика, наука за звукот. Таа е дел од физиката.
- Метрика, наука која се занимава со врската помеѓу нагласените и ненагласените тонови и ритам, протокот на тонови со различно траење.
- Оркестрација, расчленување на музичкото дело во делови за одредени музички инструменти (за оркестар) според законите на оркестрација, земајќи ги предвид звучните и техничките можности на инструментите, нивните карактери и опсежност.