Амбае
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амбае или Аоба (бислама: Ambae, Aoba) — остров во покраината Пенама во Вануату. Островот се наоѓа на околу 165 километри северозападно од Порт Вила, главниот град на државата.
Аоба | |
---|---|
Топографска карта на Амбае. | |
Местоположба на Амбае во Вануату. | |
Географија | |
Место | Тихи Океан |
Координати | 15°24′0″S 167°50′0″E |
Архипелаг | Вануату |
Површина | 398 км2 |
Највисоко место | 1.496 м |
Највисока точка | Аобахи |
Држава | |
Вануату | |
Покраина | Пенама |
Демографија | |
Население | 11,061 (2009) |
Етнички групи | Вануаќани |
Островот е со вулканско потекло, округлест е и доста планински. Островот е покриен со вегетација, населените места се опколени и со мали шуми. На островот има плантажи. Нема постојан извор на питка вода, освен езерата на врвот на кратерот во средишниот дел на островот. Сепак, езерата не се достапни. Луѓето имаат канали и резервоари за собирање питка дождовна вода. На островот нема реки, но сето ова не влијае врз потребите за вода на луѓето Климата е тропска со просечни годишни температури од 30 степени.
Амбае е всушност врвот на вулканот Манаро Вуи,[1] кој се издига 1,496 метри над нивото на морето, или околу 3,900 метри мерејќи од морското дно.[2]
Островот има население од околу 11,000 жители,[3] поделени во 3 или 4 јазични групи (источноамбаески јазик, западноамбаески јазик и јужноамбаески јазик.
На Амбае има три писти кои ги користи Air Vanuatu: Аеродром Валаха на југозапад, Аеродром Редклиф на југг и Аеродром Лонгана во североисток.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.