![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b0/Protogerov_Parade_uniform.jpg/640px-Protogerov_Parade_uniform.jpg&w=640&q=50)
Александар Протогеров
револуционер, политичар, и генерал во Бугарија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Николов Протогеров (23 февруари 1867 — 7 јули 1928) — политичар, генерал и раководител на Внатрешната македонска револуционерна организација. Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна. Бил член на Македонскиот комитет, војвода во Горноџумајското и Илинденското востание. Бил резервен член на Централниот комитет на ВМОРО, претседател на Извршниот комитет на Македонските добротворни братства во Бугарија. Во Балканските војни бил член на Штабот на Македонско одринското ополчение, а во времето на бугарската окупација во Првата светска војна бил заменик началник на Македонската воено-инспекциска област и командант на Моравската воено-инспекциска област, произведен во генерал-лајтнант на бугарската армија. По војната со Тодор Александров и Петар Чаулев ја основал ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест. По расколот во ВМРО е убиен во Софија од михајловистите.
Александар Протогеров | ||
![]() | ||
Роден | 23 февруари 1867
Охрид, Отоманско Царство денес Република Македонија | |
---|---|---|
Починал | 7 јули 1928
Софија, Царство Бугарија |