хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Азотна киселина — неорганско соединение со формула HNO
3, висококорозивна неорганска киселина.[6] Соединението е безбојно, но постарите примероци добиваат жолтеникава бидејќи се разградуваат на азотни оксиди. Обично се продава растворена во вода со коцентрација од 68 %. Кога растворот содржи преку 86 % HNO
3, тогаш се нарекува чадлива азотна киселина. Во зависност од количеството на присутен азот диоксид, чадливата азотна киселина може да биде црвена (над 86 % или бела (над 95 %).
| |||
Назив според МСЧПХ азотна киселина | |||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
7697-37-2 | |||
3DMet | B00068 | ||
ChEBI | CHEBI:48107 | ||
ChEMBL | ChEMBL1352 | ||
ChemSpider | 919 | ||
EC-број | 231-714-2 | ||
Гмелин |
1576 | ||
3Д-модел (Jmol) | Слика Слика | ||
KEGG | D02313 | ||
MeSH | Nitric+acid | ||
PubChem | 944 | ||
RTECS-бр. | QU5775000 | ||
| |||
UNII | 411VRN1TV4 | ||
ОН-бр. | 2031 | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Изглед | безбојна течност[1] | ||
Мирис | горчлив, задушувачки[1] | ||
Густина | 1,51 г/см3, 1,41 г/см3 [68 % масен удел] | ||
Точка на топење | |||
Точка на вриење | |||
мешлива | |||
log P | −0,13[2] | ||
Парен притисок | 48 mmHg (20 °C)[1] | ||
Киселост (pKa) | −1,4[3] | ||
Конјуг. база | нитрат | ||
Магнетна чувствителност (χ) |
−0 | ||
Показател на прекршување (nD) | 1,397 (16,5 °C) | ||
Диполен момент | 2,17 ± 0,02 D | ||
Термохемија | |||
Ст. енталпија на образување ΔfH |
−207 kJ/мол[4] | ||
Стандардна моларна ентропија S |
146 J/(мол·K)[4] | ||
Опасност | |||
GHS-ознаки: | |||
Пиктограми |
|||
Сигнални зборови |
ОПАСНОСТ | ||
Изјави за опасност |
H272, H300, H310, H330, H373, H411 | ||
Изјави за претпазливост |
P210, P220, P260, P305+P351+P338, P310, P370+P378 | ||
NFPA 704 | |||
Температура на запалување | незапалив | ||
Смртоносна доза или концентрација: | |||
LC50 (средна концентрација) |
138 мд (стаорец, 30 мин)[1] | ||
NIOSH (здравствени граници во САД): | |||
PEL (дозволива) |
TWA 2 мд (5 мг/м3)[1] | ||
REL (препорачана) |
TWA 2 мд (5 мг/м3) ST 4 мд (10 мг/м3)[1] | ||
IDLH (непосредна опасност) |
25 мд[1] | ||
Безбедносен лист | ICSC 0183 | ||
Слични супстанци | |||
Други анјони | Nitrous acid | ||
Други катјони |
| ||
Дополнителни податоци | |||
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Оваа киселина е главниот реагенс кој се користи за нитрација, особено кај органските молекули. Некои од добиените нитросоединенија се експлозиви чувствителни на удар и топлина, а други се доволно стабилни за употреба во муниција и разурнување; трети пак, се уште постабилни и служат како пигменти за мастила и вапсила. Азотната киселина често се користи и како силно оксидациско средство.
Азотната киселина спаѓа во групата најважни неоргански киселини затоа што претставува основа за производство на вештачките ѓубрива, експлозиви, пластични маси и цела низа други важни производи и затоа вистински предизвик било изнаоѓањето на практични и евтини начини за нејзино добивање. Инаку, уште алхемичарите знаеле начин за приготвување на азотна киселина. Долго време азотната киселина се приготвувала со загревање на калиум нитрат со концетрирана сулфурна киселина:[7]
KNO3(s) + H2SO4(l) = KHSO4(s) + HNO3(g)
Оваа метода му се препишува на германскиот хемичар и јатрохемичар од 17 век Јохан Рудолф Глаубер (1604 – 1668). Тој го открил натриум сулфатот чиј декахидрат, Na2SO4 * 10H2O и го нарекол чудесна сол (sal mirabile). Од овој назив е изведен минералошкиот назив мирабилит за натриум сулфат декахидратот. Тривијалниот назив, пак, на оваа супстанца е Глауберовата сол. Во чест на Глаубер, минералот со состав Na2Ca(SO4)2 се вика глауберит. Главниот начин за производство на азотната киселина што сега се применува е процесот предложен во 1901 од славниот германски хемичар Вилхелм Оствалд кој е добитник на Нобеловата награда за хемија за 1909. Во основа, тоа е оксидација на амонијак со воздух или со кислород во присуство на катализатор од платина (се употребува во вид на густа мрежичка) и родиум.[7]
4NH3(g) + 5O2 = 4NO(g) + 6H2O(g)
Температурата на која се работи треба да биде повисока од 750 степени целзиусови. Реакцијата е егзотермна, така што добиениот азот мониксид е загреан на висока темература и треба да се излади. Се разбира, азот моноксидот е само првиот меѓупроизвод при добивањето на азотната киселина, но токму горната реакција е онаа што е битна. Добиениот азот мониксид се оксидира до азот диоксид (без катализатор):[8]
NO(g) + ½O2(g) = NO2
Така образуваниот азот диоксид се раствора во вода при што се образува смеса од азотна киселина и азот моноксид:
3NO2(g) + H2O(l) = 2HNO3(aq) + NO(g)
На ваков начин се добиваат релативно разредени раствори од азотна киселина во кои масениот удел на HNO2 е околу 50–70 %.
Натамошното концетрирање се врши со дестилација во присуство на концетрирана сулфурна киселина која служи како дехидратационо средство. Според ова може да заклучиме дека:[9]
Чистата азотна киселина е безбојна течност со темература на вриење од 83 степени целзиусови и темература на мрзнење од –42 степени целзиусови. Во концетрираните водни раствори, азотната киселина се разлага:[9]
2HNO3(aq) = NO2(g) + O2(g) + H2O(l)
Азот диоксидот се раствора во азотна киселина, обојувајќи жолто или кафеаво.
Азотната киселина е силна киселина (една од најсилните) така што во воден раствор е практично целосно дисоцирана:
HNO3(aq) + H2O(l) = H3O+(aq) + NO3(aq)
Концетрираната азотна киселина е силно оксиданс при што самата се редуцира до азот диоксид.
При дејство на умерено концетрирана азотна киселина врз сребро како производ се образува NO:[9] 3Ag(s) + 4HNO3(aq) = 3AgNO3(aq) + NO(g) + 2H2O(l)
Оксидансот е и разредената азотна киселина. Така што разредената азотна киселина го оксидира и бакарот:[10]
3Cu(s) +8HNO3(aq) = 3Cu(NO3)2 + 2NO(g) + 4H2O(l)
Многу силно оксидационо средство е смесата од концетрирана азотна и концетрирана хлороводородна киселина во која зафатнинскиот однос на двете киселини е 1 : 3. Ваквата смеса се вика царска вода заради тоа што може да го растворува и златото – „царот“ на сите метали:[11]
Au + HNO3 + 3HCl = AuCl3 + NO + 2H2O
AuCl3 + HCl = HAuCl4
Во царска вода, инаку, се раствора и платината.
Азотната киселина има многустрана практична примена. Покрај тоа што е важна лабароториска хемикалија, многу се применува и во индустријатата. Можеби најважната од индустриските примени е онаа што е заснована на нејзината неутрализација со амонијак:[10]
HNO3(aq) + NH4OH(aq) = NH4NO3(aq) + H2O(l)
Амониум нитратот е веројатно најважното вештачко азотно ѓубриво, составен дел е на многу од експлозивите. Амониум нитрат се употребува за правење на експлозиви, полнење на гранати и др. Исто така тој се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите.
Азотната киселина (обично, заедно со сулфурната која служи како дехидратационо средство) се користи во производството и на други експлозиви (на пр. тринитротолуен и глицерил тринитрат или ниторглицерин). Со реакција меѓу азотната киселина и целулоза се добива смеса од нитрати на целулоза(смесата обично се вика нитроцелулоза) од која се приготвуваат лакови. Со нитрирање на бензенот се добива нитробензен кој, со редукција, дава анилин. Од анилинот се изведуваат голем број синтетички бои.[10]
Alan MacDiarmid е еден од пионерите на полето на синтеза и испитување на спроводливи полимери - материјали подобро познати како синтетички метали. Тој работел на хемиски и електрохемиски допинг на полиацетиленот (CH)x прототип на спроводлив полимер, како и при откривањето на полианилинот - денес еден од најупотребуваните спроводливи полимери. Најновите истражувања на MacDiarmid се сконцентрирани околу технолошки најважните спроводливи полимери, како што е полианилинот и неговите олигомери со посебен интерес за изучување на изомерните форми кои може да придонесат многу за висока спроводливост и засилени механички својства кај полианилинот. Тој исто така ги изучува и олигомерите на анилинот како потенцијални сензори за запалливи органските соединенија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.