хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Тринитротолуен (ТНТ) е хемиско соединение со формула CH3C6(NO2)3CH3. Тоа е во цврста агрегатна форма, со жолта боја и е најдобро познато како експлозивен материјал со практични одлики за ракување. Експлозивната моќ на ТНТ се користи како стандардна мерка за силата на бомбите и на другите експлозиви.
| |||
Назив според МСЧПХ 2-Метил-1,3,5-тринитробензен | |||
Други називи 2,4,6-Trinitrotoluene, | |||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
118-96-7 | |||
Кратенки | TNT | ||
ChEMBL | ChEMBL1236345 | ||
ChemSpider | 8073 | ||
DrugBank | DB01676 | ||
EC-број | 204-289-6 | ||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
KEGG | C16391 | ||
PubChem | 11763 | ||
RTECS-бр. | XU0175000 | ||
| |||
UNII | H43RF5TRM5 | ||
ОН-бр. | 0209 – Dry or wetted with < 30% water 0388, 0389 – Mixtures with trinitrobenzene, hexanitrostilbene | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Изглед | Pale yellow solid. Loose "needles", flakes or prills before melt-casting. A solid block after being poured into a casing. | ||
Густина | 1.654 g/cм3 | ||
Точка на топење | |||
Точка на вриење | |||
0.13 g/L (20 °C) | |||
Растворливост во ether, acetone, benzene, pyridine | soluble | ||
Парен притисок | 0.0002 mmHg (20°C)[1] | ||
Експлозивност | |||
Осетливост на удар | Insensitive | ||
Осетливост на триење | Insensitive to 353 N | ||
РЕ фактор | 1.00 | ||
Опасност | |||
NFPA 704 | |||
Температура на запалување | 167 °C (333 °F; 440 K) | ||
Смртоносна доза или концентрација: | |||
LD50 (средна доза) |
795 mg/kg (rat, oral) 660 (mouse, oral)[2] | ||
LDLo (најниска објавена) |
500 mg/kg (rabbit, oral) 1850 mg/kg (cat, oral)[2] | ||
NIOSH (здравствени граници во САД): | |||
PEL (дозволива) |
TWA 1.5 mg/м3 [skin][1] | ||
REL (препорачана) |
TWA 0.5 mg/м3 [skin][1] | ||
IDLH (непосредна опасност) |
500 mg/м3[1] | ||
Безбедносен лист | ICSC 0967 | ||
Дополнителни податоци | |||
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
ТНТ се синтетизира во процес од три чекори.[3] Прво толуенот се нитрира со мешавина на сулфурна киселина и азотна киселина и се добива мононитротолуол; потоа се повторува постапката уште двапати за да се добие ТНТ. Киселините што се употребуваат за нитрација се рециклираат и повторно се користат во производството.
ТНТ е еден од најчесто користените експлозиви за воени и индустриски намени. Ценет е бидејќи е многу инертен и отпорен на триење и температура, па затоа е безбеден за користење. Се топи на 80 °C, далеку под неговата точка на вриење од 295 °C, и затоа може да се топи и лие во калапи или меша со други експлозиви.
По експлозијата, ТНТ се распаѓа на следниов начин:
Реакцијата е егзотермна, но има висока енергија на активација. Поради продукцијата на јаглерод, експлозиите на ТНТ имаат чадлив изглед.
ТНТ првпат бил произведен во 1863. од Германскиот хемичар Јозеф Вилбранд[4] кој го корисtел како жолта боја. Неговиот потенцијал како експлозив не бил користен неколку години потоа бидејќи било многу тешко да се детонира. Германските вооружени сили го усвоиле како полнење за нивната артилерија во 1902. Британците ги следеле во 1907.
ТНТ е отровен и допирот со кожата може да предизвика иритација и промена на бојата на кожата во светложолто-портокалова. Луѓе кои се подолго време изложени на допир со ТНТ може да добијат анемија, пореметена функција на црниот дроб, зголемување на слезината и други крвни промени и пореметувања на имуниот систем. Постојат и докази дека ТНТ е штетен за машката плодност, а се смета и за можен канцероген.[5]
Некои воени полигони се контаминирани со ТНТ. Отпадните води од производните погони за муниција исто ги загадуваат водите и тие може да имаат црвеникава боја. Чистењето на контаминацијата со ТНТ е скапо и тешко.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.