![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b8/John_Locke.jpg/640px-John_Locke.jpg&w=640&q=50)
Џон Лок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Лок (англиски: John Locke; 29 август 1632, Рингтон, Англија - 28 октомври 1704, Есекс, Англија) — англиски филозоф и лекар, претставник на емпиристичката филозофија, предвесник на просветителството и често нарекуван „татко на либерализмот“.[2][3][4] Пред сè, Лок е познат како еден од најзначајните англиски емпиристи, по традиција на Френсис Бејкон, но е подеднакво значаен и познат по теоријата за општествен договор. Неговите дела имаат огромен придонес во полето на теоријата на познанието и политичката филозофија. Волтер, Русо, многу шкотски просветители, како и американски револуционери се под големо влијание на политичките идеи на Лок.
Џон Лок John Locke | |
---|---|
![]() Лок во 1697 г. | |
Роден(а) | 29 август 1632
Рингтон, Англија |
Починал(а) | 28 октомври 1704
Есекс, Англија |
Школа | Емпиризам, Општествен договор, Природни и законски права |
Претежна дејност | Метафизика, Епистемологија, Политичка филозофија, Филозофија на умот, Образование |
Влијанија од
| |
Потпис | |
![]() |
Согледбите на Лок во однос на умот честопати се земаат за појдовна точка во современите поимања на идентитетот и себството, но и во делата на подоцнежни филозофи како Хјум, Русо и Кант. Лок е првиот да го дефинира себството како продолжение на свеста. Според него, на раѓање умот е празна страница или tabula rasa. Наспроти картезијанското гледиште кое верува во веќе-постоечки идеи во умот, според Лок во умот нема преходно дадени, вродени идеи, односно човечкото познание произлегува од сетилното восприемање.[5]