Рене Декарт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рене Декарт (фр. René Descartes, Хаг, 31 март 1596 – Стокхолм, 11 февруари 1650 ), исто така познат и како Картезиус, работел како филозоф, физичар и математичар. Тој е подеднакво важен со неговите круцијални дела и во филозофијата и во математиката. Со измислувањето на координатниот систем, тој ја поставил основата за модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање.
Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија и раскин со схоластиката, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се „Принципи на филозофијата“, „Расправа за методите“,„Медитации“ и „Геометрија“.
Декарт, понекогаш нарекуван основач на модерната филозофија и татко на модерната математика, се вбројува меѓу најзначајните и највлијателните мислители во западната историја. Тој ги инспирирал и неговите современици како и следните генерации на филозофи.
Неговата најпозната реченица е cogito ergo sum, што значи: „Мислам, значи постојам“.