Аналитичка геометрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аналитичка геометрија — дел од геометријата кој користи негеометриски методи за решавање на геометриски проблеми (задачи). Иако и стандардната геометрија користи аритметички (пресметковни) методи за решавање на проблемите, сепак, во аналитичката геометрија нивното разгледување се врши на поемпириски и поапстрактен начин, каде на одредена геометриска појава ѝ одговата соодветен систем равенки (кој пак може да брои и една равенка). Апаратот и методите со кои се служи аналитичката геометрија се разновидни, така што таа пред сè има допирни точки со математичката анализа и со линеарната алгебра, а директно е поврзана и со останатите гранки на геометријата (диференцијална, проективна и др.)