![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/92/DS2_3375.jpg/640px-DS2_3375.jpg&w=640&q=50)
Џиро д’Италија 2020
103. издание на велосипедската трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2020 (позната и како Трка околу Италија 2020) — 103. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 3 и 25 октомври, откако првично била одложена поради пандемијата на КОВИД-19.[1] Првично требало да се одржи од 9 до 31 мај 2020 година, како прва голема трка во сезоната. Почетокот на Џиро 2020 бил планиран да се одржи во Будимпешта, Унгарија, што ќе било 14. пат Џиро да започне надвор од Италија[2] и првпат некоја голема трка да започне во Унгарија.[3]
| |||
![]() | |||
Детали за трката | |||
Издание | 103. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2020 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 3 – 25 октомври | ||
Растојание | 3.497,9 км | ||
Држава | ![]() | ||
Поаѓалиште | Монреале | ||
Одредиште | Милано | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 133 | ||
Просечна брзина | 40,828 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() ![]() | ||
Второпласиран | ![]() ![]() | ||
Третопласиран | ![]() ![]() | ||
Бодовен | ![]() ![]() | ||
Планински | ![]() ![]() | ||
Спринтерски | ![]() ![]() | ||
Младински | ![]() ![]() | ||
Борбеност | ![]() ![]() | ||
Breakaway | ![]() ![]() | ||
Екипен | ![]() ![]() | ||
◀2019 | 2021▶ | ||
![]() | Документација ![]() |
Трката била нарушена поради пандемијата на КОВИД-19 во Италија[4] и во март 2020 година била одложена, како и останатите трки во раниот дел од сезоната во Италија.[5] Кога владата на Унгарија објавила дека тие нема да дозволат да се случи почетокот на Џиро 2020, организаторот RCS Sport одлучил да ја одложи трката за подоцнежен датум.[6] На 15 април, UCI објавиле дека обете големи трки, Џиро и Вуелта ќе се одржат наесен по Светското друмско првенство.[7] На 5 мај, UCI објавиле дека Џиро ќе се одржи помеѓу 3 и 25 октомври.[1]
Трката била освоена од Тео Гејган Харт од Обединетото Кралство, кој завршил 39 секунди пред Австралиецот Џеј Хиндли.[8]