From Wikipedia, the free encyclopedia
Јуриј Георгиевич Седих (11 јуни 1995 - 14 септември 2021) — советски атлетичар кој бил специјализиран во дисциплината фрлање кладиво. Тој бил двократен олимписки шампион (1976 и 1980), еднократен светски шампион (1991) и трократен европски шампион (1978, 1982 и 1986) во својата дисциплина. Неговиот резултат од 86,74 метри постигнат во 1986 година, сè уште претставува светски рекорд.
Седих во 2012 г. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Полно име | Јуриј Георгиевич Седих | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 11 јуни 1955 Новочеркаск, Ростовска област, СССР | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 14 септември 2021 66) Понтоаз, Франција | (возр.||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Живеалиште | Париз, Франција | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,85||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 110 kg (240 lb) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | СССР (1976-1991) Украина (1992-1995) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Фрлање кладиво | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди | 86,74 метри (1986) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Седих започнал да се занимава со атлетика во 1967 година и негов прв тренер бил Владимир Ивановиќ Воловик.[1] Тој тренирал во спортското друштво Буревестник, а потоа и во спортското друштво Вооружени сили во Киев (Седих го стекнал чинот мајор во Советската војска). Во 1973 година тој станал член на државниот јуниорски тим на СССР.[1] Тој го поставил актуелниот светски рекорд од 86,74 метри на Европското првенство 1986 во Штутгарт. Само Седих и Сергеј Литвинов успеале да префрлат преку 86 метри во историјата на овој спорт (префрлените 86,73 метри на Иван Тихон во 2005 година биле поништени поради допинг[2]).
За разлика од многуте фрлачи на кладиво, Седих го фрлал кладивото после три вртења наместо четири - тој сметал дека три ротации се доволни. Од 1972 година, негов тренер бил Анатолиј Бондарчук, кој се смета за еден од најдобрите тренери во фрлање кладиво во светот. Седих често тренирал со полесни и потешки кладива.
Тој ги освоил златните медали на Летните олимписки игри во 1976 и 1980 и го освоил златниот медал на Светското првенство 1991 во Токио. Освен тоа, тој бил трикратен европски шампион, освојувајќи ги златните медали на првенствата во 1978, 1982 и 1986 година.
Првата сопруга на Седих, Људмила Кондратјева го освоила златниот медал на Летните олимписки игри 1980 во трката на 100 метри. Тие се венчале во средината на 1980-тите, но подоцна се развеле. Нивната ќерка, Оксана, родена во 1985 година, исто така е врвна руска фрлачка на кладиво.[3][4]
Седих сега е во брак со поранешната советска фрлачка на ѓуле, Наталија Лисовскаја, која го освоила златниот медал на Летните олимписки игри 1988 и е актуелна светска рекордерка со префрлени 22,63 метри. Тие имаат една ќерка, Алексија, родена во 1993 година, која исто така е фрлач на кладиво и која го освоила златниот медал на Летните младински олимписки игри 2010 во Сингапур. Седих со неговото семејство живее во Париз, Франција, и таму тој е професор по физичко образование на еден универзитет.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.