From Wikipedia, the free encyclopedia
Јанис Бутарис (грчки: Γιάννης Μπουτάρης; р. 6 јануари 1942 година во Солун, Грција) — грчки стопанственик и градоначалник на Солун во периодот од 1 јануари 2011 до 31 август 2019 година.
Јанис Бутарис | |
---|---|
Градоначалник на Солун | |
На должноста 1 јануари 2011 – 31 август 2019 | |
Претходник | Василис Папагеоргопулос |
Наследник | Константинос Зервас |
Лични податоци | |
Роден(а) | 13 јуни 1942[1] Солун, Егејска Македонија, Грција |
Партија | независен |
Установа | Солунски универзитет Винарски институт (Атина) |
Занимање | стопанственик, винар |
По потекло, Бутарис е од Крушево, а неговото семејство живее во Битола, Македонија.[2] Се школувал во родниот град на Солунскиот универзитет, завршувајќи хемија[3], како и на Анадолскиот колеџ.
Бутарис е основач на винската компанија „Кир-Јани“. Главно поради своите тетоважи, обетката на едното уво, спротивставените ставови со митрополитот Антимос, често предизвикувал големи реакции кај националистите во градот, но и во Северна Грција. На чело на солунската општина дошол по поддршката на ПАСОК. По победата, тој изјавил дека еден од првите чекори ќе му биде да изгради споменик на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, како и спомен обележје во чест на илјадниците Евреи кои биле убиени за време на германската окупација на градот[4].
Во 2012 година тој бил избран за „најдобар градоначалник на светот“ за месец октомври, од страна на Градоначалниците на Фондацијата, со седиште во Велика Британија. Во неговата програма пред изборите било вклучено реставрацијата на плоштадот Света Софија и плоштадот Елефтерија.
На 20 мај 2018 година бил лекуван во болница откако бил претепан од група грчки ултра-националисти, лути поради неговото појавување на настанот за сеќавање на грчките понтиски жртви од страна на Османлиите за време на Првата светска војна. Тврдокорните тврделе дека Бутарис дал контроверзна забелешка во врска со ова прашање („Не ме занима дали Кемал Ататурк убивал Грци или не“)[5]. Бутарис постојано ги лутел тврдокорните во Грција затоа што се обидел да ги олесни односите меѓу Грција и нејзините соседи и затоа што тој се спротивставувал на националистичките ставови во врска со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, историјата на грчко-турските односи и холокаустот на Евреите во Грција[6][7][8][9]. Од друга страна тој е широко почитуван меѓу муслиманите и етничките Турци во Грција за неговите помирувачки напори во врска со грчко-турските односи, еврејската заедница и грчката левица.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.