From Wikipedia, the free encyclopedia
Панхеленското социјалистичко движење (грчки: Πανελλήνιο Σοσιαλιστικό Κίνημα) е грчка политичка партија. Била основана на 3 септември 1974 од Андреас Папандреу. Заснован на основачката изјава на 3 септември, намерата на нејзиното основања била да донесе Национална Независност во државата - Народен Суверенитет - Општо Ослободување, почетоци кои го промовирале основачот Андреас Папандреу и многу други од основачките директори, кои биле во криза поради диктатурата на полковниците која само што паднала.
Република Грција |
Оваа статија е дел од темата: |
|
|
|
Во 1974 Андреас Папандреу ги повикал народните сили да ја управуваат државата заедно, создавајќи ја на тој начин првата заедничка партија на власт по промената на режимот. ПАСОК се појавила за првпат во националните избори во ноември 1974, добивајќи 13,5% од гласовите, односно 15 мандати. На парламентарните избори во 1977 ПАСОК го удвоила својот процент и добила 92 мандати. Со тоа, оттогаш ПАСОК станала аксиоматска опозиција.
Во октомври 1981, ПАСОК со паролите „Промена“ и „Грција на Грците“ ги добила парламентарните избори со 48% од гласовите, и освоила 173 пратенички места. Со тоа, се формирала првата самоуправувана социјалистичка влада во историјата на државата, со премиер Андреас Папандреу. Првиот конгрес на ПАСОК се одржал три години по преземањето на власта над државата. Едногласно бил реизбран Андреас Папандреу за претседател на движењето. Во јуни 1985, ПАСОК ги добил изборите со 45% од гласовите, и освоила 161 пратеничко место и повторно формирала самоуправувана влада. Развојната стратегија која била применета во Грција од владите на ПАСОК, во периодот од 1984 до 1993, се одликувала воглавно со голема распрснатост на достапните извори во мали места низ целата држава. Ваквата политика ја поддржувала економската активност и го сместила акцентот на подобрување на нивото на живеење во руралните и параметарските региони. Таа ја продлабочила провинциската транспортна мрежа и ја засилила модернизацијата на мали земјоделски фирми, како и изградбата на хотели од мала и средна големина во многу региони.
Во изборите од март 2004, ПАСОК по 20 години на власт со државата, завршила како втора партија со 40,55% од гласовите и преминала во опозиција. Паралелно започнал и еден длабок процес на реконструкција на движењето на сите полиња, како и адаптација на неговата организациска структура според барањата на денешните времиња, со акцент на барањата на граѓаните, децентрализацијата, како и употребата на нови технологии. На 15 ноември 2010 година ПАСОК победил на изборите за градоначалник на Атина, првпат по пауза од 24 години, и освоил мнозинство во поширокиот регион на главниот град. За нов градоначелник на Атина бил избран Јоргос Каминис.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.