From Wikipedia, the free encyclopedia
Тројна врска — хемиска врска меѓу два атома образувана со шест сврзани електрони наместо вообичаените два во ковалентната единечна врска. Тројните врски се посилни од еквивалетните единечни или двојни врски, бидејќи имаат три сврзувања. Најчестата тројна врска, меѓу јаглеродни атоми, се среќава кај алкините. Други функционални групи со тројни врски се цијанидите и изоцијанидите. Некои двоатомски молекули како диазотот и јаглерод моноксидот исто така се тројно сврзани. На скелетните формули оваа врска се претставува со три напоредни црти (≡) помеѓу сврзаните атоми.[1][2][3]
ацетилен, H−C≡C−H | цијан, N≡C−C≡N | јаглерод моноксид, C≡O |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Видот на сврзување го одредува орбиталната хибридизација. Во случај на ацетиленот, секој јаглероден атом има две sp-орбитали и две p-орбитали. Двете sp-орбитали се линеарни со рамни агли (180°) и ја заземаат x-оската (Декартов координатен систем). p-орбиталите се нормални на y-оската и z-оската. Кога јаглеродните атоми ќе се доближат, sp-орбиталите се преклопуваат образувајќи сигма-врска sp-sp. Истовремено pz-орбиталите се приближуваат и заедно образуваат pz-pz пи-врска. Така, другиот пар на py-орбитали образува py-py пи-врска. Следствено на тоа, се образуваат една сигма-врска и две пи-врски.
Во свитканите врски, тројната врска може да се образува и со преклоп на три sp3 резни без потреба од создавање на пи-врска.[4]
Тројните врски се застапени во многу елементи потешки од јаглеродот, особено кај преодните метали. Добро познати примери се хекса(терт-бутокси)диволфрам(III) и хекса(терт-бутокси)димолибден(III). Меѓумолекулското растојание изнесува околу 233 пм.[5] Соединението W2 е од особен интерес заради неговите реакции со аклините, што води до тројно сврзани метално-јаглеродни соединенија со формулата RC≡W(OBut)3[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.