котлина во Тирингија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Тириншка Котлина (германски: Thüringer Becken) — котлина во средишниот и северозападниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија.[1][2] Низ неа течат неколку реки, од кои најдолга е Унштрут. Се протега 60 км од север кон југ и околу 120 км од исток кон запад. Висински се движи од 150 до 250 м.н.в.
Котлината е опкружена со широк појас од школковаровнички сртови (како на пр. Хајних, Дин, Хајнлајте, Хое шреке, Шмике, Фине); на југозапад се граничи со Тириншката Шума, а на југоисток со со реско одделени тераси (школковаровничките висорамнина Илм-Зале и Ордруф и шаренопесочничката висорамнина Зале-Елстер). Тириншката Котлина потекнува од периодот тријас, кога налегнале хоризонталните слоеви од шарен песочник, школковаровник и којпер. Под нив се солените и гипсоците слоеви од цехов камен. Во кенозоикот околните сртови се подигнале, а котлината се спуштила, образувајќи длабнатина налик на чинија.
Висината на котлината се намалува од југ и запад кон исток. Иако некои од рабните сртови имаат особини на ниски венци, тука нема забележителни возвишенија освен Етерсберг и Фанершер Хее.
Во Тириншката Котлина преовладува земјоделството. Заедно со Магдебуршкото Берде и таканаречениот Лајпцишки Залив има најплодна почва во Германија.[3] Населена е уште во VIII и XI век, што значи дека највеќето села и градови во котлината е стари преку илјада години. Поради плодноста на овој крај, по котлината и нејзините краеви се појавиле градови прилично рано (Ерфурт и Милхаузен).
Покрај Ерфурт и Милхаузен, други населени во котлината се следниве (во загради е дадена година на основање и кога местото стнало град):
Големи делови на котлината во поранешната Ландгрофовија Тирингија од 1264 г. биле во владение на династијата Ветинци, а по Лајпцишката поделба од 1485 г. овој крај го сочунувал Тириншкиот округ на Изборно Кнежевство Саксонија. Помали делови биле сопственост на ветинските Ернестински војводства и Грофовијата Шварцбург; градот Ерфурт бил владение на мајнчките ариепископи. Според Виенскиот конгрес од 1815 г. албертинските и мајнчките краеви му припаднале на Кралството Прусија, а помалите подрачја на северниот и јужниот раб ги сочиниле Тириншките држави.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.