Тирено-Адријатико 2017 — 52. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, која се одржала помеѓу 8 и 14 март како седми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена по вторпат во три години од колумбискиот возач Наиро Кинтана, возејќи за Мовистар Тим.[3] Кинтана го преземал водството на трката по освојувањето на кралската етапа на трката до Монте Терминило и го задржал до крајот на трката, на крајот победувајќи за 25 секунди пред возачот на Ванти-Груп Гобер, Роан Денис, кој го освоил завршниот хронометар, а бил дел и од воведниот екипен хронометар. Подиумот бил заокружен од возачот на ФДЖ, Тибо Пино, кој доцнел уште 11 секунди зад Денис.[4]
На другите пласмани на трката, возачот на Бора-Хансгрое, Петер Саган, го освоил бодовниот пласман по две етапни победи; возачот на Андрони Џокатоли-Сидермек, Давиде Балерини го освоил планинскиот пласман, додека Боб Јунгелс (Квик-Степ Флорс) го претекнал Еган Бернал за победа во пласманот за млад возач, претекнувајќи на завршниот хронометар. Екипата на Кинтана, Мовистар Тим, го освоила екипниот пласман со Џонатан Кастровјехо завршувајќи во најдобрите десет.
Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.[6]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4) |
|
Рутата на Тирено-Адријатико 2017 била објавена на 15 декември 2016 година.[8] Шестата етапа, првично планирана да се одржи на 159 километри била продолжена на 168 километри, како последица на субстандардните услови на патот.[9]
Повеќе информации Етапа, Датум ...
Затвори
На Тирено-Адријатико 2017 постоеле четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист на крајот на секоја етапа. Постоеле временски бонуси за првите тројца на друмските етапи: етапниот победник добивал десет секунди, додека второпласираниот и третопласираниот добивале шест односно четири секунди, соодветно. Временски бонуси добивале и првите тројца возачи на средниве спринтови — три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот и една секунда за третиот возач. Предводникот на генералниот пласман ја добивал сината маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Тирено-Адријатико 2017 и победникот на пласманот бил сметан за победник на трката.
Повеќе информации Место, Добиени бодови ...
Бодови за етапна победа
Место |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
Добиени бодови |
12 | 10 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
Затвори
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде била доделувана црвената маичкамаичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите десет на етапите. За разлика од бодовниот пласман на Тур де Франс, видот на етапата немало влијание на бодовите кои се добивале – секоја етапа имало подеднаков број на достапни бодови во ист сооднос. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средниве спринтови; пет бода за првиот кој ќе ја помине линијата, три бода за вториот, два бода за третиот и еден за четвртиот.
Повеќе информации Место, Бодови за врвна ...
Бодови за планинскиот пласман
Место |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
Бодови за врвна |
15 | 10 | 7 | 5 | 3 | 2 | 1 |
Бодови за една категорија |
5 | 3 | 2 | 1 | 0 |
Затвори
Имало и планински пласман, а предводникот во пласманот ја добивал зелената маичка. Во планинскиот пласман, бодовите биле добивани доколку се стигне на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како врвно или со една категорија, при што повеќе бодови биле достапни на врвното искачување. За Монте Терминило, првите седум возачи освојувале бодови, додека на другите искачувања, само првите четворица освојувале бодови.
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележена со белата маичка. Пласманот се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачи родени на или по 1 јануари 1992 година.
Постоел и екипен пласман, во кој времињата биле додавани времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.
Повеќе информации Етапа, Победник ...
Затвори