Тиквеш или Тиквешијанизина и етногеографска област што се наоѓа во централниот и јужниот дел на Македонија. Најголемото населено место е Кавадарци, а по него е Неготино.

За винарската фирма со тоа име, видете Тиквеш (фирма)
Thumb
Глетка од областа Тиквеш во неготинската околина

Географија и местоположба

Thumb
Хидро систем на ХЕЦ Тиквеш во селото Сирково

Тиквешијата се наоѓа западно од реката Вардар (од нејзината десна страна) и ги опфаќа следниве релјефни целини: Тиквешката Котлина, северниот дел од висорамнината Витачево и долината на Раечка Река. На исток Тиквеш се граничи со Повардарието, на југ со Мариово (Тиквешко Мариово), на запад со Пелагонија, а на север преку врвот Ножот на планината Клепа е одделена од малата Изворска област и Азот односно поширокиот Велешки регион.

Во своите географски описи македонскиот револуционер Ѓорче Петров ги наведува следните граници на Тиквешкото Поле: на запад тоа е заградено со голите огранки на Клепа, на југ со Дамјанската Планина, од исток со Пајак Планина, при што во неговиот северен крај протекува реката Вардар, а по средината го пресекува Црна Река во своето долно течение[1]. Според Ѓорче Петров, релејфно-површински и орографски, Тиквеш претставува продолжение на Овче Поле преку Вардар, бидејќи по видот, одликите и изгледот многу наликува на него[1]. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека Тиквеш кој го именува со името „Љубљани“ се наоѓа 8 часа на југ од Велес помеѓу 39° и 40° и е земја плодоносна од сешто[2]. За негови граници определува дека од север го опкружува река Црна која е побујна од Вардар, а од југ планините Клисура, Давидовска и Гродненска; од запад планините Моклишка и Азот; од исток Струмица и Дојран[2].

Thumb
Брегот на Тиквешкото Езеро

Хидрографски Тиквеш е средно богат со реки и низ него течат Раечка Река, Дошница, Бошава, а низ Тиквешијата тече и Црна Река на која е изградено познатото вештачко Тиквешко Езеро кое е едно од најголемите вештачки езера во Република Македонија. Во Тиквешијата се изградени и 2 хидроцентрали и 1 термоцентрала за добивање електрична енергија: „ХЕЦ Тиквеш“, „ХЕЦ Дошница“ и „ТЕЦ Неготино“.

Легенда за Тиквеш

Се раскажува и денес: името Тиквеш и Тиквешија не им е непознато на сите кои ги интересира историјата. Зад тоа име се крие една голема област во централна Македонија пресечена од двете историски реки: Вардар и Црна – и со чисто македонско население и Помаци- насилно потурчени пред 350 години. Тоа население живее во двата града: Кавадарци и Неготино и во 96 села. Град со име Тиквеш нема. Тој постоел, пред доаѓањето на Турците, и според легендата, Тиквеш бил освоен по три месеци откако било покорено целото Западно царство. Тиквеш бил утврден со ѕидови и кули, чии остатоци постојат и денес. При навлегувањето на Турците, Тиквешани се бореле дури до Јуручка планина, близу до градот Радовиш. Но откако биле разбиени од силната турска армија војската која останала се вратила во тврдината Тиквеш и оттаму ги одбивала сите турски напади. Со големи воени сили Турците го опколиле градот Тиквеш и одвреме-навреме праќале преговарачи за да ги повикаат Тиквешани да се предадат. На тие предлози Тиквешани одговарале со презир и со оружје. За да ги залажат Турците, тиквешани на големите струења на ветерот поставиле тапани, така што од ветерот тапаните биеле и на тој начин кај Турците се создавал впечаток дека Тиквешани и дење и ноќе се веселат и не планираат да се предадат. Во таква состојба Тиквеш се наоѓал повеќе од три месеци. Тапаните непрестајно биеле, а за тоа време населението умирало од глад. На крај преживеаната баба Ружа им ја отворила една под помалите порти на градот и им го предала на Турците, убедувајќи ги дека во градот нема жива душа освен неа. Бесни и навредени од итроста на Тиквешани, Турците навлегуваат во Тиквеш, грабаат сè што е вредно, а градот го палат и тој гори до темел.

Населението од другите села, откако разбрале дека баба Ружа го предала градот за да се одмаздат и да се исмејат и го дале прекарот Бружа. Заклучокот од таа легенда која е пренесувана од поколение на  поколение, е дека  ако не беше предавството на баба Ружа – Бружа, градот Тиквеш ќе се зачуваше до денес и тапаните до ден-денешен ќе биеја...

На северниот крај на градот Тиквеш се нашало селото Брушани, кое според легендата името го добило по баба Бружа, која била погребана на местото каде што е сега селото. Градот Тиквеш веќе не постои, но сега името Тиквешија го носи целиот тој крај.[3]

Население

Во Тиквешијата живеат 57.953 жители, од кои 55.267 (95,37%) се Македонци, а останатиот дел се претежно Срби, Роми и Турци. Сепак најголем дел од населението е сконцентрирано во Кавадарци и Неготино, а како и во останатите македонски региони па така и во овој селата масовно се празнат.

Покарај двата града поголеми и поважни места во Тиквешијата се Ваташа, Демир Капија, Росоман, Долни Дисан, Возарци, Сопот, Марена, Ресава, Дреново, Бегниште, Сирково, Криволак, Пепелиште, Тимјаник и др.

Економија

Thumb
Лозје во Тиквешко

Главна гранка на економскиот живот на жителите на Тиквешијата и носител на стопанскиот развој во целиот регион е земјоделието односно лозарството, по кое Тиквешијата е најпозната во Македонија и на Балканот. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари (8.000 на подрачјето на Општина Кавадарци и 3.000 на подрачјето на Општина Неготино). Тиквешијата претставува најголемо виногорје во Македонија и на Балканот. Од сортите на грозје кое се одгледува најзастапени се „смедеревка“ и „кратошија вранец“, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: „кардинал“, „хамбург“, „афус али“, „рибиер“ и др. Како резултат на големите лозови насади во Тиквешијата има голем број на винарски визби кои грозјето го преработуваат во вино и ракија кои се пласираат на странските пазари. Најголеми винарски визби се „Тиквеш“ Кавадарци (најголема во Македонија) и „Повардарие“ Неготино, а во поново време сè повеќе се отвораат и приватни винарски визби како „Попови“, „Чекорови“, „Китвин“, „Бовин“ ид-р Од земјоделието исто така многу застапена гранка е и овоштарството пред сè одгледувањето на праски и кајсии кои највеќе се одгледуваат во околината на Росоман. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во своите записи, за Тиквеш наведува дека главни негови производи се виното, ракијата, афионот, оризот, оцетот, анасонот и сусамот[4].

Покрај земјоделието најголеми капацитети кои вработуваат многу луѓе се индустриските капацитети пред сè од металургијата и металопреработувачката индустрија. Недалеку од Кавадарци се наоѓа комбинатот за феро-никел „ФЕНИ Мак“ во кој има и слободна економска зона „Долина на Никелот“. Комбинатот „ФЕНИ Мак“ се снабдува со никелова руда од рудникот „Ржаново“ кој заедно со Алшар се единствените рудници во Тиквешијата богати со најразлични видови руди. Други индустриски капацитети и фирми од металската индустрија се „Металекс“ Кавадарци, „ИГМ Трејд“, „МИК“ и други.

Етнологија

Од етнолошки аспект тиквешкиот крај најповеќе е познат по специфичниот дијалект кој се зборува. Во Тиквешијата се познати и носиите од долните и горните села (во висорамнината Витачево, кон планината Кожуф и Мариово), како што етнографски се дели Тиквешијата. Од обичаите најпознати се Џоломарите од селата Бегниште и Ресава кој паганскиот обичај на маскирање за избркување на злите духови го зачувале до денес и традиционално секоја година се одржува на Василица (како и Вевчанскиот карневал), а Џоломарите редовно се претставуваат и на карневалот во Струмица. Џоломарите се најчесто облечени во дебели ленени костими, со вештачки бели бради и мустаќи, црно измачкани лица и со закачени ѕвонци на телата и рано изутрина одат низ селата започнувајќи го над илјада година стариот ритуал.

Културни знаменитости

Тиквешкиот регион изоблиува со културни знаменитости како што се манастирите, црквите и пештерните цркви од средновековието. Познати манастари во Тиквешијата се Полошкиот Манастир „Свети Георги“ и Моклишкиот Манастир. Во средишниот дел на областа се наоѓаат двете познати пештерни цркви „Свети Лазар“ (во близина на село Бегниште) и „Свети Никола“ (во близина на селото Драдња).

Познати македонски личности од Тиквешијата

Како и секој македонски регион така и Тиквешијата дала огромен број видни македонски личности, како што се борци и национални дејци за слободата на Македонија и Македонците, уметници, политичари, професори итн.

  • Даскал Камче - учител од Ваташа кој ја отворил првата печатница во Македонија во времето на просветителството
  • Добри Даскалов - македонски војвода од Тиквешијата во Илинденскиот период
  • Страшо Пинџур - македонски национален борец и деец, организатор на македонското национално-ослободително движење во втората светска војна, народен херој
  • Димката Ангелов - Габерот - еден од најпознатите борци во втората светска војна
  • Никола Бадев - легендарен македонски пејач на народни песни
  • Петар (Пешо) Самарџиев - Тиквешки војвода (Подлес 1877- Клисура 21.6.1906)

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.