Прашки град
голема тврдина во Прага From Wikipedia, the free encyclopedia
голема тврдина во Прага From Wikipedia, the free encyclopedia
Прашки град или Прашки замок (чешки: Pražský hrad) — утврден комплекс во Прага со почетоци во IX век. Порано бил седиште на кралевите на Чешка, светите римски цареви и претседателите на Чехословачка, а денес е седиште на претседателот на Чешката Република. Во скриена одаја на Прашкиот град се чува кралскиот накит на Чешка со познатата Световацлавска круна.
Според Гинисовата книга на рекорди, ова е најголемиот замок на светот[1] со површина од 70.000 м2. Комплексот е долг 570 м и има просечна ширина од 130 м.
Првите градби на местото се подигнати во 870 г. со изградбата на Богородичната црква и околните обѕидија. Во првата половина на X век, за време на владеењето на Вратислав I и неговиот син Свети Вацлав се подигнати црквите „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Вид“.
На тврдината е изграден и првиот женски манастир во Чешка, веднаш до црквата „Св. Ѓорѓи“. Во XII век е изграден дворец во романски стил, а во XIV век светиот римски цар Карло IV го преуредил во готски стил и го зајакнал утврдувањето. Во истиот период е почната преизградба на „Св. Вид“ во многу поголеми димензии и готски стил, која е завршена по дури шест века.
За време на Хуситските војни и децениите по нив, замокот стоел ненаселен. Во 1485 г. кралот Владислав II Јагелонски почнал со обнова на замокот. Кон кралскиот дворец е додадена големата Владиславска сала (дело на Бенедикт Рејт), северната страна на тврдината е зајакната со нови кули.
Во 1541 г. избил голем пожар во кој наполно настрадале големи делови од комплексот. Малку подоцна, Хабсбурговците подигнале градби воренесансен стил, а понатаму, царот Фердинанд I изградил летниковец за сопругата Ана. Рудолф II се вдомил во Прашкиот град како негово главно седиште, додавајќи му го северно крило и Шпанската сала, каде ја исложил скапоцената збирка уметнички дела.
Со втората Прашка дефенестрација во 1618 г. во замокот почнало Востанието на чешките сталежи, а комплексот претрпел големи оштетувања и се запустил. Во текот на Прашката битка во 1648 г. Швеѓаните однеле голем број дела од збирката на Рудолф II како последен чин во Триесетгодишната војна.
Последниот поголем зафат на преуредување го направила царицата Марија Терезија во втората половина на XVIII век. Со повлекувањето од власт во 1848 г. Фердинанд I се вдомил во Прашкиот замок, отстапувајќи му го престолот на Франц Јосиф.
Во 1918 г. замокот станал седиште на претседателот на новата Чехословачка Република, Томаш Масарик. Новиот царски дворец и градините се обновени од словенечкиот архитект Јоже Плечник. Во 1929 г. конечно е конечно е завршена катедралата „Св. Вид“. Обновата продолжила сè до 1936 г. под раководство на Павел Јанак како наследник на Плечник.
Со покорувањето на чехословачката држава, на 15 март 1939 г. во замокот престојувал Адолф Хитлер[2] За време на германската окупација, Прашкиот замок бил седиште на Рајнхард Хајдрих како началник на Протекторатот Чешка и Моравија. Според една легенда, секој бесправен узурпатор кој ќе ја стави чешката круна на глава е осуден да умре во рок од една година.[3] Се зборувало дека Хајдрих го има направено токму тоа, и дека неговиот атентат во 1942 г. (за помалку од една година) го стасал како казна.[4]
Со ослободувањето на Чехословачка, замокот бил дом на сместена комунистичката влада. За време на Кадифената револуција.
По распадот на Чехословачка, замокот станал седиште на претседателот на Чешка. Како и Масарик со Плечник, претседателот Вацлав Хавел го ангажирал Боржек Шипек за да изврши неопходни преуредувања, особено ликовната галерија.
Во Прашкиот замок се претставени речиси сите архитектонски стилови од последното илјадалетие. Тука се готската катедрала „Св. Вид“, романски базилика „Св. Ѓорѓи“, манастирот, неколку дворци, градини и одбранбени кули. Најголемиот дел од замокот е отворен за јавноста и опфаќа неколку музеи. Меѓу нив се Националната галерија со важната збирка на чешка барокна и маниристичка уметност, историските поставки, Музејот на играчките и Ликовната галерија на замокот на основа на збирката на Рудолф II. Во дворот на Старешинството секоја година се одвива Летниот шекспировски фестивал.
Градското подрачје околу замокот се нарекува Храдчани.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.