From Wikipedia, the free encyclopedia
Мецосопран[1] (од италијански: mezzo soprano „полусопрано“; француски: bas-dessus; германски: die Mezzosoprane) — еден од пејачките гласови за жени и момчиња, кој по висина се наоѓа помеѓу алт и сопран. Се разликува од сопранот по потемната боја и понискиот регистер: a—h♭2, во исклучителни случаи и до c3 (високо це).
Во минатото во пејачкиот глас мецосопран пееле и пејачи од кастрати. Некои од улогите за женски мецосопрани се напишани така што нив ги глумат младо момче со типично малку повисок глас. Пример е улогата на Керубин во операта Свадбата на Фигаро.
Мецоспораните обично имаат споредни улоги во оперите. Има забележителни исклучоци од ова: улогата на Кармен во истоимената опера (и други француски опери од 19 век), Росина во Севилскиот бербер итн. Меѓутоа, овие улоги ги пеат и сопрани.
Мецосопрановите се делат во три категории: колоратурни, лирски и драмски.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.