From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјетро Маскањи (италијански:Pietro Mascagni; 7 декември 1863 - 2 август 1945 година) бил италијански композитор познат по своите опери. Неговото ремек дело Кавалерија рустикана од 1890 година предизвикало една од најголемите сензации во историјата на операта и во италијанската драмска музика го вовела движењето веризам. Иако за Маскањи често се сметало, како и за Руџеро Леонкавало, дека е „човек со една опера“ кој не ќе може да го повтори успехот на првото дело, Другарот Фриц и Ирис опстанале на репертоарот низ Европа (претежно во Италија) уште од нивните премиери.[1]
Пјетро Маскањи | |
---|---|
Роден(а) | Пјетро Антонио Стефано Маскањи 7 декември 1863 Ливорно, Италија |
Починал(а) | 2 август 1945 81) Рим, Италија | (возр.
Занимање | Композитор |
Маскањи напишал петнаесет опери, оперета, неколку оркестарски и вокални дела, како и песни и музика за пијано. За време на својот живот бил почитуван и како композитор и како диригент на своја и туѓа музика и создавал различни стилови во своите опери.
Маскањи е роден на 7 декември 1863 година во Ливорно, Тоскана, втор син на Доменико и Емилија Маскањи. Неговиот татко имал пекарница. Доживотниот пријател и соработник на Маскањи, Џовани Тарџиони-Точети е роден истата година во истиот град.
Во 1876 година, на 13-годишна возраст, Маскањи започнал музички студии кај Алфредо Софредини, кој претходно го основал Музичкиот институт во Ливорно (Instituto Musicale di Livorno). Маскањи започнал да компонира многу брзо: помеѓу 1879 и 1880 година, напишал неколку дела: Sinfonia in do minore, Prima sinfonia in fa maggiore, Elegia, Kyrie, Gloria и Ave Maria .
За време на неговата долга кариера, Маскањи размислувал да напише многу опери. Следи нецелосна листа на вакви проекти, кои не биле објавени:
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Саундтракот од филмот Разгневениот бик од 1980 година го користи Интермецо од Кавалерија рустикана, Бараколе од Силвано и Интермецо од Guglielmo Ratcliff (познато како Песната на Ратклиф).[2]
Филмот „Кум“ дел III, од 1990 година, ја користел Кавалерија рустикана во Театро Масимо во Палермо како амбиент за својата кулминација. Филмот завршува со свирење на Интермецо.
Во 2001 година, Андреа Бочели сними песна насловена како „Maскањи“ (Mascagni) на неговиот албум „Тоскански неба“ (Cieli di Toscana), во која имаше извадок од „Кавалерија рустикана“ вметната во музиката.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.