From Wikipedia, the free encyclopedia
Волфганг Амадеус Моцарт (германски: Wolfgang Amadeus Mozart; Салцбург, 27 јануари 1756 — 5 декември 1791 [1] во Виена) — австриски композитор, автор на 179 музички дела кој се смета за еден од најголемите композитори на европската класична музика.[2] Тој создал неверојатно големо дело на камерни, симфониски, религиозни и оперски дела за различни соло инструменти, особено за пијано.
Вофганг Амадеус Моцарт е роден на 27 јануари 1756 година од татко Леополд Моцарт (1719–1787) и мајка Ана Марија, моминско презиме Пертл (1720–1778), во Салцбург.[3]
На денот на погребот, Виена не му се оддолжила на човекот кој нејзиното име го прославил низ целиот свет. Моцарт бил погребан во заедничката гробница за сиромашни, а неговиот сандак никој не го испратил, освен неговото куче. Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.[4]
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Гете имал високо мислење за творештвото на Моцарт кого го сметал за гениј. Според него, сите Моцартови дела имаат трајна вредност чија творечка сила ќе се пренесува од поколение на поколени и веројатно никогаш нема да се потроши.[5]
Моцарт се јавува како вдахновение или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура, како на пример:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.