From Wikipedia, the free encyclopedia
Лубеница[2] или карпуз[3] (латински:Citrullus lanatus) е растение, што потекнува од Северна Африка и се смета како вид диња. Во Европа, најголеми производители на лубеници се Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Грција. Во Македонија во 2010 година биле произведени 134.885 тони лубеници.[4]
Лубеница | |
---|---|
Лубеница | |
Пресечена лубеница | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Тиквовидни |
Семејство: | Тикви |
Род: | Лубеница |
Вид: | Лубеница |
Научен назив | |
Citrullus lanatus (Thunb.) Matsum. & Nakai | |
Синоними[1] | |
Список
|
Минималната температура на земјата за ртење е од 14-16 °Ц, а оптималната температура преку 25 °Ц. Оптималната температура за раст и развивање е од 26-28 °C. При температурата пониска од 13 °C престанува цветањето, а при температура пониска од 10 °Ц престанува растот на билака. На температура пониска од 8 °Ц доаѓа до труње и пропаѓање.
Лубеницата за растење и развивање бара голема количина на вода, пред сè затоа што ствара голема вегетациона маса и многу плодови, од која произзлегува значајна количина на вода.
За одгледување на лубеници оптимално е потребно плодно, добро дренирано земјиште, со неутрална до блага и кисела реакција (pH 6,0-6,5). Погодни земјишта за одгледување на лубениците се чернозем, ливадска црница и алувијална почва, секако добро обезбедена со хумус, структурна и исцедна.
Понекогаш, лубеницата се јавува како тема во одделни области на уметноста и во популарната култура:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.