Црница (почва)
вид почва From Wikipedia, the free encyclopedia
вид почва From Wikipedia, the free encyclopedia
Црница или црнозем — вод темнообоена почва богата со хумус која се образува на глинести карпи во спббореалниот и умереноконтиненталниот појас при периодично промивање или непромивен воден режим под многугодишна тревеста растителност.
Процесот на црноземизација се одвива во услови каде климата е субекваторијална, умерено-континентална, карактеризирана со последователно навлажнување и исушување, при што доминираат позитивни температури. Средногодишната температура се движи од +3 до +7 °C. Годишните врнежи изнесуваат 300-600 мм.
Релјефот е од типот на брановидни рамнини (наместа испресечен со депресии, долови и речни тераси).
Растителноста која придонесува за создавање на црницата е многугодишна тревеста со ливадско-степска и степска подзона, која секоја година остава во почвата значително количество на растителни остатоци. Во соодветните хидротермални услови се одвива нивното разложување со формирање на хумусни соединенија (хумификација) кои се натрупуваат во врвните почвени слоеви. Заедно со хумусот во почвата во вид на сложени органоминерални соединенија се устануваат такви елементи важни за исхраната на растенијата, како азот, фосфор, сулфур, железо итн.
Матичниот супстрат е лес и лесовидни глинести карпи.
Црниците имаат добри водно-воздушни својства, се одликуваат со топчеста или зрнеста структура, содржината во почвениот атсорптивен комплекс изнесува од 70 до 90% калциум, со неутрална или речиси неутрална реакција, висока природна плодност, интензивна хумификација и висока содржина на хумус во врвните слоеви на почвата (до 15%).
Се делат според два критериума:
Географски, црниците заземаат значителни површини. Во Евроазија зоната на црниците ги опфаќа Унгарија, Бугарија, Австрија, Чешка, Словачка, Балканот, Молдавија, Украина, централноцрничните области на Русија, Поволжјето, Северен Кавказ, Западен Сибир, Монголија и Кина.
Во Северна Америка во зоната на црниците припаѓа западниот дел на САД и југот на Канада. Во Јужна Америка црниците се среќаваат на југот од Аргентина и во јужните предпланински региони на Чиле.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.